Почетна / Телевизија / Хаос на веб страната на Алфа – програмски водич нема ни за лек

Хаос на веб страната на Алфа – програмски водич нема ни за лек

Доколку сакате да се информирате за програмскиот водич на телевизија Алфа преку нивниот веб сајт, тогаш ве очекува вистински хаос.

Во делот за програма нема водич за ниеден ден. Наместо тоа се јавува некоја грешка.

Во програмскиот дел, во делот Емисии исто така ќе наидете на невиден хаос. И кај информативните емисии и кај забавните емисии стојат вести од дома и светот.

Делот за спорт е исто така празен, а за да читате вести од пред најмалку месец треба да кликнете на означениот дел за Спорт кој ве води до архивата на спортски вести.

И во делот за Магазин / Сцена стојат вести од пред осум месеци.

За потсетување, Алфа е национална телевизија и за споредба, дури и локалните телевизии (конкретно скопска МТМ) или кабловските (ТВ 24) имаат ажуриран веб сајт и ажуриран програмски водич.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТВ 24 вработува млади новинари со или без работно искуство

ТВ 24 има потреба од млади новинари во својот тим, кои може, но и не …

error: Содржината е заштитена!