Почетна / Сапуници / Алфа зема и актери што синхронизираат на Сител и Канал 5

Алфа зема и актери што синхронизираат на Сител и Канал 5

Алфа телевизија ги врати надсинхронизациите на турски серии. Ок, синхронизации на турски рециклажи, но како и да е. Најновата реприза е “Аси”, серија емитувана на ТВ Сител со голем успех и која до ден денес гледачите ја паметат по одличната надсинхронизација од пред десетина година.

Но сега, во 2022 година кога Алфа реши да репризира турска серија снимена во 2007 година, реши и да ја надсинхронизира повторно. Малку беше надсинхронизацијата на Сител, па ај сега уште еднаш со друга актерска екипа. Небаре не постојат други турски серии или било каков тип на серии да се купат, па морало да се воскреснуваат стари хитови емитувани на најгледаните телевизии како А1, Сител и Канал 5.

Нејсе, да се вратиме на надсинхронизациите. Серијата “Аси” е повторно синхронизирана, но она што зачудува е што дел од актерите кои сега го читаат текстот се актуелни и во други серии на други телевизизии.

Гордана Ендровска е позната по многу надсинхронизации, а моментално синхронизира во драмата “Без мајка” на Канал 5.

Крсте Јовановски го слушаме во традиционалната “Гулабица” на Сител, викенд трилерот “Вавилон” на Сител и романтичната комедија “Љубов и сè е можно”.

Ива Милчова исто ја слушаме во “Љубов и сè е можно” и во “Гулабица”, а Дарко Велиќ кој исто така чита во рециклажата на Алфа, е актуелен со позајмувањето на глас за главниот лик во “Љубов и сè е можно”.

Зошто телевизија Алфа се одлучи да ангажира актери кои се актуелни и добропознати за публиката на Сител и Канал 5? Зар не постојат други актери кои не се дел од играните серии на овие две телевизии? Или можеби кога веќе реемитуваат турски серии од Сител и Канал 5, решиле да ги искористат и потенцијалите на овие две телевизии во однос и на човечки ресурси?

Доколку Алфа не е запознаена, во науката постои термин – нелојална конкуренција. Предуслов за појава на нелојална конкуренција е работењето на два или повеќе деловни субјекти, кои вршат одредена економска активност во која навиките на здрава конкуренција се скршени со цел да се добијат предности над конкурентите.

Во бизнисот, конкуренцијата се појавува кога најмалку две компании нудат ист или сличен производ/услуга на пазарот како во случајов турските серии. Но, конкуренцијата е здрава и продуктивна само тогаш кога уникатни идеи и реализации се производ или услуга. Во никој случај не и реемитување на турски серии кои биле огромни хитови кај конкуренцијата или ангажман на лица кои добиваат финансиски надомест од друга компанија, која имала доверба и им пружила хонорар за тоа.

Можеби другите телевизии и треба да размислат дали во ваков случај ќе ја продолжат соработката со тие луѓе.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Финалните недели од „Луда куќа“ во 19 часот на Канал 5

Нови авантури во животот на Асланови. Нови згоди и незгоди на ликовите во хит комедијата …

error: Содржината е заштитена!