Почетна / Забава / Концерите на Бебек во Охрид и Битола за само 700 посетители од вечер

Концерите на Бебек во Охрид и Битола за само 700 посетители од вечер

Жељко Бебек и неговиот бенд пристигнаа во Охрид, каде вечерва со почеток од 22 часот ќе се одржи првиот од двата договорени концерти, во Античкиот театар.

Како што сте веќе информирани, концертите се одржуваат според утврдените и одобрени протоколи од Министерството за здравство и онака како што беа организирани концертите на Амира Медуњанин и на Дарко Рундек, така и овие на Жељко Бебек ќе бидат реализирани и организирани професионално и беспрекорно од страна на Авалон продукција.

Бидете сигурни дека оние сцени од еден концерт одржан вчера (во Битола) со којшто Авалон Продукција нема апсолутно никакви допирни точки- нема да се случат. Имено, во моментов за охридскиот концерт на Бебек се останати во продажба само 100 влезници, а за битолскиот уште 200 влезници. После распродавањето на овие карти (ако дојде до тоа), продажбата ќе биде стопирана.

Одиме понатаму во ова за нас возбудливо Ковид 19 музичко лето, со последните три проекти со кои се префрлуваме во Скопје, а тоа се концертите на Електрични Оргазам (11-ти септември), фестивалот Skopje Calling (12-ти септември) и на Бајага и Инструктори (13-ти септември), на стадионот на АРМ, open air! – известуваат од грандиозната Авалон продукција.

https://www.facebook.com/AvalonProdukcija/videos/678517332875158/?t=1

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од технички причини, Турбо рок фестивалот се презакажува

Од технички причини, ТУРБО РОК фестивалот со Неле Карајлиќ, Ван Гог и Ју Група, првично …

error: Содржината е заштитена!