Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Големото финале на „Никогаш не е доцна“ само на Сител на 23 јуни

Големото финале на „Никогаш не е доцна“ само на Сител на 23 јуни

Вчера се одржа второто полуфинале на шоуто „Никогаш не е доцна“, а по оваа епизода, добивме уште пет финалисти од деветтата сезона.

Саша Милошевиќ Маре, Милан Ѓурѓевиќ и Џејла Рамовиќ избраа пет пејачи кои според нивното мислење го заслужија финалето.

Ружица Чавиќ, Сашо Башески, Срѓан Стефановиќ Срле, Сабина Касумовиќ и Мирослав Мишиќ директно минаа од второто полуфинале во големото финале.
За влез во финалето има место само за уште еден и интернет гласањето трае 24 часа. Гордана Антоловиќ, Рената Кукољ, Мујо Шаќировиќ, Петар Девиќ, Мухарем Хамзакадиќ Харо, Стивен Кадријевиќ и Славиша Станојевиќ Пирке се борат за влез во финале, а за нив можете да гласате ТУКА.

Кој од седумте ветерани ќе биде во финалето на деветтата сезона зависи само од вашите гласови, затоа не губете време и поддржете го вашиот фаворит и подгответе се за големото финале на Сител идната недела на 23. јуни во 21 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Антониа Гиговска открива кога една жена решава да изневери

Во новата епизода од поткастот ” Равенка за успех ” кај Маја Поцевска на гости …

error: Содржината е заштитена!