Почетна / Филм / „Шангајско попладне“ со Џеки Чен во филмскиот викенд на Сител

„Шангајско попладне“ со Џеки Чен во филмскиот викенд на Сител

Телевизија Сител продолжува и во најжешките денови да емитува премиерна програма за сечиј вкус. Покрај домашната верзија на светскиот формат “The richest list”, за викенд на Сител се забавуваме и со премиерните дневни емисии за македонска култура, традиција и музика, како и со најгледаните регионални талент шоуа на Гранд, а воедно следиме премиерна грчка драма и премиерна колумбиска адреналинска акција во ноќните термини.

Но сега, и филмско задоволство на програмата на Сител. Оваа  недела на полноќ, навиваме за Џеки Чен во возбудливата акциона авантура “Shanghai Noon”.

Приказната ја следи принцезата Пеј Пеј, која е грабната од Забранетиот Град и одведена на Дивиот Запад. Припадниците на царската гарда, меѓу кои и Чонг Ванг (го игра Џеки Чен) заминуваат во потрага по принцезата.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Недела, 23 јуни на Телма, 22.15 часот | Воениот трилер „Ѕидот“

За време на војната во Ирак, наредникот на штабот на американската армија Шејн Метјус е …

error: Содржината е заштитена!