Почетна / Серии / Американската серија Glee добива 4-та сезона!

Американската серија Glee добива 4-та сезона!

Четвртата сезона на хит серијата “Glee” и официјално е потврдена. Веста излезе од самата продукција на FOX, телевизијата сака да ја задржи во својата програма оваа серија за млади која веќе е популарна насекаде низ светот.

 

 

Протагонистите се особено среќни поради веста, задоволството го изразија на Твитер. Леа Мишел беше една од нив: “Glee е официјално обновена со четврта сезона! Многу сум среќна! Не можам да дочекам за да дознаам каде ќе биде Рејчел следната година! Да ги стиснеме палците за да биде во Њујорк!”

Кори Монтеинт исто така твитна: “И официјално! Glee си доби и четврта сезона.”

И не беа само актерите тие што ја потврдија веста на социјалните мрежи, продукцијата исто така го стори тоа преку официјалниот профил на “Glee”: “Сакавме да бидете меѓу првите што ќе дознаат, Glee се враќаат со четврта сезона оваа есен!”

Среќни се тие, а среќни сме и ние, “Glee” е одлична серија за млади!

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Tелма со нови сезони од акционата серија „Аларм за кобра 11“

Oд петок (8 ноември), започнуваат новите епизоди од германската акциона серија “Аларм за Кобра” на …

error: Содржината е заштитена!