Почетна / Живот / Деветта сезона на „Шефот на слаткарницата“ од сабота на TLC

Деветта сезона на „Шефот на слаткарницата“ од сабота на TLC

 

Славниот слаткар се враќа на малите екрани!

 

Светскиот познат слаткар Бади Валастро, се враќа на малите екрани со новата, деветта сезона на познатиот серијал „Шефот на слаткарницата“ на TLC. Првата епизода ќе се прикажува на 13 мај (сабота) во 21 часот. Во новите 20 нови епизоди, Бади Валастро и неговото семејство продолжуваат да се обидуваат да го остварат сонот на основачот на слаткарницата, односно починатиот татко на Бади Валастро.

 

 

Во новата сезона, ќе имаме можност да запознаеме и еден „модерно средновековен витез“ кој ќе побара од Бади освен со тортата да се позанимава и со пиротехника, што можеби ќе му биде и најголемиот предизвик оваа сезона. Торта во облик на змеј кој испушта пламен? Бади и екипата ќе докажат дека за семејството кое работи заедно, ништо не е невозможно!

Покрај тоа, Бади ќе ги демонстрира и своите танцувачки способности и раскошната фламенко торта и ќе биде судија на готварски натпревар меѓу локалната полиција и пожарна станица. Тој настан секако ќе биде обележен со извонредни креации на познатиот слаткар.

 

 

„Без разлика на кој дел од светот живеете, важноста на семејството е универзална вредност. Ништо не ги собира луѓето подобро од масата на која го јадат својот оброк, и затоа се надевам дека новите епизоди од серијалот ќе продолжи да ги поттикнува луѓето заедно да печат колачи и да поминуваат време со своето семејство“ изјави Валастро.

Секоја нова епизода, може да ја проследите секоја сабота во истиот термин на TLC.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт под свеќи за прв пат во Македонска Филхармонија

Виртуозот на виолина Марио Хосен и „Профундис“ ја носат „Candlelight“ магијата во Македонија! Илјадници свеќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!