Почетна / Филм / The Lucky One

The Lucky One

20-ти април

Среќникот
Режија: Скот Хикс (No Reservations, The Boys are Back)
Сценарист: Вил Фетерс
Улоги: Зак Ефрон, Тејлор Шилинг, Џеј Р Фергусон, Блит Денер, Џо Крест, Роберт Хејс, Камерон Бенфилд
драма

Главниот лик во овој филм работен според книга на Николас Спаркс е Логан Тибо, војник кој многупати го жртвувал својот живот во опасните мисии каде што војувал. Еден ден тој наоѓа слика од една прекрасна и насмеана жена, не ја познава и сака да го најде сопственикот на сликата, но за жал никој не се појавил за да ја земе сликата. На некој мистериозен начин во текот на сите негови тешкотии, сликата му носи среќа и го спасува во страшните моменти на војни.

Може ли да се вљубиш во жена која никогаш не си ја запознал? По враќањето дома, Логан одлучува да го бара одговорот на ова прашање. Тој решава да ја пронајде мистериозната девојка на сликата, поминува илјада километри за да ја пронајде и успева во тоа. Но сепак, дали тој ѝ треба на неа чија насмевка го спаси од смрт? И дали му е судено таа девојка да ја направи среќна?

 

 

 

 

 DarkShadow | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вестерн трилерот „Омразената осумка“ на Тарантино саботно на МРТ 1

„Омразената осумка“ е осмиот по ред филм на Тарантино, чие дејствие е сместено десет години …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!