Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #55 Alevosía

Предавство, епизода #55 Alevosía

 

 

Андрес го испрашува Октавио за смртта на Чоле. Окатвио случајно ќе каже дека Чоле била погодена со порцеланска ваза, нешто што не треба да го знае. По ваквата “исповест“ на Октавио, Андрес е сигурен дека Октавио е оној што проварил ноќта во куќата, кој го украљл алптопот и ја убил домарката.

Лусија споделува со својата мајка дека очекува дете. Доња Инес е пресреќна и ја тера својата ќерка да му каже на Густво, но Лусија и вели дека веќе се обидела но дека Густаво е повтроно со Луз Марија.

Диего раскинува со Моника. Иако момчето не е сигурно в својата одлука, сепак смета дека тоа е најдобриот чин во моментот.

Благодарение на спретниот детектив на Октавио, Анхелес дознава дека вистинското име на Луз Марија е Антонија. Меѓу другото го добива и телефонскиот број од поранешното момче не медицинската сестра.

Лусија и ја кажува добрата вест за својата бременсот на својата пријателка Нати. Адвокатката е пресреќна и двете силно се прегрнуваат.

Анхелес му се јавува на поранешното момче на Луз Марија и му ја дава нејзината адреса на живеење а меѓу другото го известува дека девојката сега користи друго име.

Лусија и дава ултиматум на својата сестра Трини дека ако за 24 часа не и каже на Анхелес дека е нејзина мајка, таа ќе го стори тоа.

Поранешното момче на Луз Марија се појавува во станот на Густаво со пиштол. Густаво се обидува да го вразуми човекот да го повлече оружјето, но не успева. Луз Марија повикува полиција од другата соба.

Андрес ја известува својата внука дека нема сомнежи оти Октавио ја убил Чоле, како што го убил и нејзиниот татко. Анхелес не може да поверува но чичко и и потврдува дека има докази кој го тврдат тоа. Докази кои Октавио ги украл од неговата соба, ноќта кога ја убил Чоле.

Полицијата доаѓа на време пред да се случи нешто лошо и го приведува поранешното момче на Луз Марија.

Луз Марија бара утеха во прегратката на Густаво.

Трини глуми дека е болна пред својот нов сопруг. Со цел да го избегне соочувањето со Анхелес, Трини го лаже Алваро дека има висока температура и грозница.

Анхелес решава да се соочи со Октавио. Го напаѓа безмилосно и го набедува дека е убиец. Октавио не негира. И признава дека го убил нејзиниот татко и домарката.

Анхелес исплашена од неговиот демонски поглед, се обидува да побегне, но Октавио ја врзува и и признава дека Игнасио не бил светец како што таа верувала.

Погодена од се што и се случува, пред се поради раскинувањето со Диего и бракот меѓу нејзиниот татко и Трини, Моника ја известува Сеси дека ќе замине да студира во Париз.

Лусија го посетува гробот на Чоле за да и каже дека чека дете од Густаво.

Хаиме ја известува Сеси дека е примен на магистерски студии во Бостон и ја замолува да дојде со него. Сеси ветува дека ќе размисли.

Диего и Моника се збогуваат. И покрај тоа што не им успеа, се разделуваат како добри пријатели, но Диего сеуште нема храброст да и признае на својата поранешна дека е геј.

Лусија и се исповеда на својата пријателка Нати дека Трини лаже дека е болна само да не се соочи со вситината и да не и признае на Анхелес дека и е мајка.

Трини е загрижена што не може да ја добие Анхелес и ја известува Лусија дека ќерка и е исчезната.

 

продолжува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

error: Содржината е заштитена!