Почетна / Телевизија / Гледачите револтирани – не можеа на раат да следат „Пинкови ѕвездички“

Гледачите револтирани – не можеа на раат да следат „Пинкови ѕвездички“

И втората вечер, екипата на отвореното студио на Алфа го “украде” шоуто на Пинк. Или само си “замислуваа” дека го крадат?

Имено, гледачите повторно револтирани од начинот на кој ја следеа втората полуфинална вечер од “Ѕвездичките на Пинк”, чие реемитување за Македонија го овозможува Алфа телевизија. Со оглед дека финалните емисии одат во живо, Алфа не може да обезбеди титл навремено, па затоа коментаторката на Алфа заедно со познати личности решила да ги коментира настапите и тоа од студиото на телевизијата.

Во втората полуфинална вечер, водителката на Алфа, пејачката Дани Димитровска и модната дизајнерка и костимограф Ивана Кнез скоро три часа ги критикуваа настапите на ѕвездичките, па дури и коментарите на стручната жири комисија од Пинк наместо само да нѐ водат во текот на емисијата со краток осврт (имајќи предвид дека законски, нели мора да се обезбеди некаков си превод на странска содржина).

Но, скоро постојано во текот на емисијата, гледачите на Алфа беа оневозможени да слушнат што имаат да кажат Пинковите судии, затоа што од отвореното студио на Алфа си даваа свои коментари, свои анализи, свои предвидувања… Со вакво коментирање, Алфа си направија лична анализа и не им дозволија на гледачите да го следат во целост она што се зборува и случува во “Ѕвездичките на Пинк”.

Побитен беше ставот на Дани и Кнез отколку на оние кои се директни учесници во реализацијата на Пинковото шоу, а тоа се водителите и жирито на шоуто, а не седнатите во студиото на Алфа.

Па затоа, би им предложиле следната сезона да се пријават на местото на Гоца Тржан, Наташа Беквалац, Леонтина, Кија Коцкар, Милан Станковиќ… и тогаш слободно во живо да бидат дел од шоуто и да ги коментираат настапите. На тој начин ќе можат својата компетентност и ставови да ги искажат пред пошироката екс ју јавност.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …

error: Содржината е заштитена!