Почетна / Филм / Француската драма ја стартува новата филмска сезона на МРТ

Француската драма ја стартува новата филмска сезона на МРТ

Легендарниот сценарист и режисер Коста Гаврас ни го прикажува Капитал, возбудлива и напната драма сместена во ризичниот свет на глобалните финансии. Капитал е добар одговор на тоа како современиот капитализам ја исцрпува и ја уништува глобалната финансиска светска сцена.

Кога колабира директорот на банката „Феникс“, макијавелистичкиот млад директор Марк Турнеј е крунисан како замена. Бруталното издигнување на Турнеј е загрозено од еден обид за преземање на банката и од една скандалозна љубовна афера.

Петок, 22 септември 2023 година, старт на новата филмска сезона на Прва. Овој петок на репертоар е француската динамична драма “Капитал” со почеток од 21.10 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шварценегер, Бредли Купер и Морган Фримен во августовскиот викенд на МРТ 1

Секој ден во 20.15 часот – летно кино на МТВ 1. Во четврток (20 август) …

error: Содржината е заштитена!