Почетна / МК Сцена / Фото | Јован Јованов и Пајак со најава за ремикс на хитот „Магија“

Фото | Јован Јованов и Пајак со најава за ремикс на хитот „Магија“

Пред неколку дена на социалните мрежи се појави слика од Јован Јованов и Пајак во студио. Фановите се запрашуваат, што ли се готви во студиото Јованови?

Многумина помислија дека се работи за нова песна на Пајак во продукција на Јован, но на големо изненадување се работи за дует и тоа на ремикс на мега хитот Магија. Само за потсетување песната Магија во изведба на група Магија беше победник на Макфест во 1998 година и се уше се слуша по нашите радио станици и ноќни клубови.

По желба на Пајак, Јован после 14 години ќе запее повторно Ќе ми треба магија и тоа во дует со Пајак. Дознавме дека за песната е направен нов аранжман и целосна продукција од страна на неговиот брат Иван Јованов Ивајо. Песната заедно со спот на 6 декември ќе биде промовирана на Урбан Рекордс. Како ли ќе звучат заедно со нетрпение ќе почекаме да слушнеме.

Јован Јованов последнава декада живее во Канада и работи како музички продуцент и е добитник на многу значајни награди и признанија во областа на музичката индустрија во Канада. Многу македонски хитови напишани од него сеуште останаа да се слушаат и пеат.

Овој дует се надеваме дека ќе биде едно убаво освежување за Македонската музичка сцена но и поттик за нови проекти за во иднина. – ни изјави Јованов.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најтешките моменти од својот живот, Тамара ги преточи во песна

Тамара Волческа го промовираше своето ново музичко парче, односно сингл кој го носи насловот „Херој”, …

error: Содржината е заштитена!