Почетна / Сапуници / Езел се враќа како султан во серијата „Освојувачот Мехмед“ на Дизи

Езел се враќа како султан во серијата „Освојувачот Мехмед“ на Дизи

Историјата оживува на малите екрани со славниот турски актер Кенан Имирзалиоглу во улогата на Мехмед Освојувачот. Актерот кој дизи публиката ја освои со улогите во “Горка љубов”, “Езел” и “Карадај”, сега е во улога на славниот султан Мехмед Освојувачот. Поради неговиот исклучителен талент, магнетно присуство на екраните и посветеноста да ги долови максимално ликовите што ги толкува, Имирзалиоглу привлече глобално внимание.

49-годишниот актер млад ја започнал својата актерска кариера. Откако дипломирал на Математичкиот факултет во Истанбул, почнал да работи како модел и успеал да ја освои титулата најдобар модел во Турција, а потоа и во светот. Првата улога во ТВ серија ја добил на само 25 години. Иако во текот на својот живот беше дел од многу ТВ серии и филмови, во 2012 реши подолго време да ја паузира својата успешна кариера. Кога конечно се врати на сцена ги израдува обожавателите со возбудливата историска драма „Освојувачот Мехмед“.

Кој бил Мехмед Освојувачот? Султанот Мехмед II, го сметале за визионерски водач и стратешки гениј. Се заколнал „Или ќе го освојам Истанбул, или Истанбул ќе ме освои мене“, и нависитна станал освојувач на градот на два континента по 53 дневна опсада. Од тој момент, историјата повеќе не го памети како Мехмед II, туку како султан Мехмед Освојувачот (Фатих). Неговата империја за кратко време започнува да се шири и го отвора патот кон вековната османлиска доминација и владеење.

Освен грандиозната приказна за военото освојување серијата изобилува и со драма и романса овозможувајќи им на гледачите во едно незаборавно искуство да ги посведочат триумфот и амбицијата на владетелот за време на Османлиската империја. Во серијата „Освојувачот Мехмед“ особено се внимава на историската точност на приказната, а се е раскажано со филмската извонредност, која ги пренесува гледачите во срцето на 15тиот век.

Не пропуштајте ја премиерата на серијата „Освојувачот Мехмед“ во 20:40 часот на 4ти декември на Дизи.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Трите сестри“ заминуваат на летен одмор, но една од нив останува со вас

Вечерва на Сител телевизија ќе биде емитувана последната епизода за оваа сезона на “Трите сестри”. …

error: Содржината е заштитена!