Почетна / Серии / Драган Бјелогрлиќ и Катарина Радивојевиќ во „Нечиста крв“ на Телма
Од понеделник (4 декември) на Телма телевизија во терминот за српски серии, 22.15 часот

Драган Бјелогрлиќ и Катарина Радивојевиќ во „Нечиста крв“ на Телма

Историска драма во десет продолженија која опфаќа период од 40 години од 19 век и се одвива на раскрсницата на падот на Отоманската империја и навлегувањето на модерното време.

Тоа е време на политички промени, кога богатите семејства им отстапиле место на финансиски засилени членови на пониската класа. Оваа транзиција била обележана со постојана борба меѓу старото и новото, богатите и сиромашните, поединци и општеството во кое живеат.

На самиот почеток, се запознаваме со Хаџи Трифун, истакнат српски трговец, кој се обидува да го задржи мирот со турските власти, но и да го задржи својот углед и влијание во Врање, важен турски град во близина на границата со ослободената Србија. Неволјите на Трифун не ги создаваат само моќните турски бегови, туку и неговото семејство.

Тасана, вдовицата на Ѓорѓе, синот на Хаџи Трифун, повеќе не поднесува да биде затворена во темна соба. А неколку мажи се маѓепсани од нејзината убавина. Вториот син на Хаџи Трифун, Мита, не е премногу заинтересиран за трговија, додека третиот син Јовца сака да ја истера сопругата, мајката на неговите две деца, во манастир и да се ожени по трет пат.

Преку претставување на три генерации, серијата раскажува за финансискиот, моралниот и физичкиот пад на една семејна лоза. Тоа е приказната за ширењето на нечиста крв низ семејството што го предизвикало неговиот конечен пад.

Според делата на Бора Станковиќ, а улогите ги толкуваат Драган Бјелогрлиќ, Катарина Радивојевиќ, Анѓела Јовановиќ, Драган Миќановиќ, Леон Лучев, Љубомир Бандовиќ, Сара Сандева, Нела Михаиловиќ, Феѓа Штукан, Дејан Буќин, Вучиќ Перовиќ, Драган Жаковиќ, Милчавиќ, Нела Недим Незировиќ, Марко Грабеж

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Историската трилер серија „Вашингтонски шпиони“ на Телма во 22:15 часот

Врз основа на вистински настани, серијата ја раскажува приказната за раѓањето на модерната шпионажа за …

error: Содржината е заштитена!