Почетна / Забава / Фото | Џијан Емин и Дерик Меј настапија во „Ројал Фестивал Хол“

Фото | Џијан Емин и Дерик Меј настапија во „Ројал Фестивал Хол“

Нашиот маестро Џијан Емин и славниот диџеј Дерик Меј, ја кренаа публиката на нозе во престижната „Ројал Фестивал Хол“ во Лондон!

На 29 август, Џијан Емин заедно со оркестарот „Сити оф Лондон Синфонија“, настапи како диригент заедно со Дерик Меј, чија успешна соработка трае годиниве наназад на меѓународните сцени. На концертот во Лондон беа изведени композиции на Меј и на Емин, за чија оркестрација се погрижи токму македонскиот истакнат уметник.
„Концертот беше дел од ‘Мелтдаун Фестивал’ чиј куратер е познатиот продуцент Најл Роџерс. Настанот помина прекрасно. Оркестарот беше фантастичен, како и маестралните Сем Лик на соло пијано и Елоиз Вернер која настапи како соло вокал.

Звукот, пак, во концертната сала беше извонреден. За првпат во историјата на ‘Ројал Фествал Хол’ се случи еуфорија и публиката стана да танцува. Настапот помина со овации, не викнаа два пати на бис, а критиките по концертот беа мошне позитивни“, вели Џијан Емин.

Многу сум среќен што имавме ваква можност, да одржиме концерт во еден таков, престижен простор во кој настапуваат светски имиња, диригенти, оркестри, солисти. Меѓу публиката имаше многу ѕвезди кои јас како дете, на пример, сум ги гледал на ТВ и тоа даде дополнително задоволство. Едноставно, ова беше еден од најважните концерти кои досега сум ги одржал“, вели македонскиот уметник.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт „Поврзување” во Филхармонија под диригенство на Чадловска

„Поврзување” е насловен концертот на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи овој четврток, 14 март …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!