Почетна / Забава / Буба Мара во новогодишно студио од Веро 2

Буба Мара во новогодишно студио од Веро 2

 

По дваесетгодишна пауза познатите Љупчо Бубо Каров и Игор Џамбазов повторно во радио етерот преку брановите на скопското Радио Бубамара. Популарното скопско радио Бубамара во наредните седум дена се сели во новогодишно студио од „Веро 2“, од каде со своите гости ќе ги забавува слушателите на 105,2.

 

 

За радио дедомразовци кои оваа година ќе ги достават музичките подароци и скриените желби до слушателите на радиото ќе бидат популарните Игор Џамбазов, Бубо Каров, Дејан Лилиќ, Оливер Митковски, Сашко Коцев, Нина Поп Христова, Атанас Атанасов, младите актери од театар комедија, Викторија Лоба, Дани, Бени и други ѕвезди кои се држат во тајност, а ќе влезат во новогодишната радио кочија. Секоја година ова радио шоу носи голема слушаност од преку 200 илјади слушатели. Поради оправдани причини досегашниот водител Кирил Поп Христов ќе биде отсутен до следната нова година.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт „Поврзување” во Филхармонија под диригенство на Чадловска

„Поврзување” е насловен концертот на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи овој четврток, 14 март …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!