Почетна / Сапуници / Фото | Алихан од „Забрането јаболко“ се изолира со својата мачка

Фото | Алихан од „Забрането јаболко“ се изолира со својата мачка

Македонските гледачи од неодамна имаат можност да плакнат очи на галантниот и сексипилен турски актер Онур Туна, кој ја толкува улогата на бизнисменот Алихан во хит серијата “Забрането јаболко”.

И додека гледачите ја следат неговата романса со слатката Зејнеп, актерот, приватно ги почитува сите препораки на турската влада за заштита од корона вирусот.

Снимањето на неговите серии е стопирано, па затоа Алихан седи дома, изолирано во друштво на неговата мачка.

Во моментов е сингл и живее сам, па единствено друштво и голема љубов му е неговото милениче.

Онур Туна е роден како син на грчки имигранти во Турција, а висок е 1.95.

Завршил економски факултет во Истанбул, а потоа започнал и професионално да се занимава со глума.

Покрај глумата, негово хоби е свирење на гитара, играње одбојка и кошарка.

Има работено како модел четири години, и уште во тие денови, стекнува голема популарност кај женскиот пол.

Неговата висина, очите и шармантната насмевка се негово најголемо обележје.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дознајте во кој термин на Телма ќе се емитува новиот хит со Вилијам Леви

Телевизија Телма наскоро започнува со емитување на новата колумбиска теленовела со познатиот латиноамерикански актер во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!