Почетна / Телевизија / Фото | Алфа телевизија прослави 16 години постоење во етер

Фото | Алфа телевизија прослави 16 години постоење во етер

Алфа ТВ е приватна национална телевизија, која започна да емитува програма на македонски јазик на 3 јуни 2008 година во Скопје, заменувајќи ја фреквенцијата на веќе непостоечката ТВ Скопје и тогаш во посредство на сателит почна да зрачи во цела Европа, Северна Африка и делови на Азија.

Од јуни 2013, Алфа стана национален телевизиски канал по што следуваа промени во програмската шема на телевизијата.

Телевизијата е од конвенционален карактер, што значи дека нуди информативни содржини, контактни емисии, културно-забавна програма, која ја опфаќа филмската и документарната продукција.

Соодветно на тоа и организациски, редакциите се поделени на информативна, контактно-забавна и спортска редакција, каде што работат преку 50 новинари и уредници.

Она што вреди да се спомене се тв емисиите кои беа карактеристични за телевизијата пред да стане национална, па така имавме можност да ги гледаме популарните Пулс, Зебра, Пресинг, Зајди зајди, Котон клуб, Маркет 168, Еден  бакнеж, Супер ѕвезда.

Своевремено беше емитувано и шпанското фудбалско првенство и Формула 1. Светските формати Deal or no deal и The weakest link беа откупени од Алфа и адаптирани во домашни верзии (со Џамбазов и Живкица како водители), а беа емитувани и повеќе српски риалити емисии.

Од 2013та година, американските серии како Девојките Гилмор, Робин Худ, Шерлок и Маркетинг директори беа заменети со турски и индиски серии, па така имавме можност токму на Алфа да ги следиме турските хитови Фериха и Дневникот на Фериде, како и индиската Отфрлена.

Денес, Алфа телевизија емитува во главно програма од своја продукција која се темели на информативни изданија на вестите, контактна, утринска програма и политички дебати, додека за викенд се емитуваат забавните шоуа како Везилка, На здравје

Телевизија Алфа навршува 16 години од своето постоење. 16 години каде се сменија повеќе сопственички структури и програмски шеми, но 16 години останаа исполнети со ведри и интересни содржини за нејзината публика и покрај сите премрежја што ја засенуваа работата на медиумот.

Од срце го честитаме роденденот на телевизија Алфа со желби за поголем успех и секако премиерна програма за своите гледачи кои често преку нашата редакција побаруваат премиерни серии и странска програма.

Во продолжение погледнете ги ексклузивните фотографии од прославата за роденденот на Алфа :

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телекабел ја зголемува ТВ преплатата од 450 на 650 денари месечно

Над 44 проценти покачување за сите ТВ корисници на Телекабел. Од 1 јули, досегашната цена …

error: Содржината е заштитена!