Почетна / МК Сцена / Видео | Летото не е лето ако Влатко Лозаноски не извади хит

Видео | Летото не е лето ако Влатко Лозаноски не извади хит

 

Нова летна песна од хит мејкерот Лозано

 

По летните Мандарина, Нема ден нема ноќ, Како тебе нема друга, летото 2016-то носи нова хит песна на Влатко Лозаноски – “Бонбона”.

 

 

Младиот и талентиран вокал Лозано повторно со истиот тим кој ги направи неговите најпознати песни. Автор на музиката на новата песна е Лазар Цветковски, текстот го напишаа Магдалена Цветковска Ена и Милан Миланов, а мастерингот е дело на Врчак. Спотот го снимаше Горила филмс и тоа на неколку локации во Скопје. Во спотот се појавуваат балерината Мила Ниновска, како и Александра Азманова и Симона Моралес

 

 

Пред неколку седмици, Лозано го промовираше и спотот за пролетната песна “Жена како ти”.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Биба Додева со нова верзија на „Скопје“ од Леб и Сол

Биба Додева со нова верзија на познатата „Скопје“ од легендарните Леб и Сол, дело на …