Почетна / Сапуници / Финалната сезона на епскиот мега хит „Горка земја“ стартува на Сител

Финалната сезона на епскиот мега хит „Горка земја“ стартува на Сител

Нова, последна сезона од епската сторија за “Горка земја”, живописна драма за едно дамнешно време и едно дамнешно место.

Приказна која се роди во безмислосната прашина на големиот град и се пренесе онаму каде наместо розите да цветаа… тие уште повеќе бодеа.

На тлото на Чукурова продолжува авантурата на вашите омилени ликови, низ која ќе следиме борба за опстанок и желба само за подобро утре. Некои ликови засекогаш ќе заминат, а некои нови одново ќе ве освојат.

Ќе дојде ли време за нова љубов за борбената Зулејха или крвавите солзи повторно ќе ја покријат горката земја? Ќе може ли да се преброди смртта на саканите и да се собере сила за да се продолжи понатаму?

Нови, подраматични и возбудливи епизоди од вашата омилена серија. “Горка земја” со нова сезона, сега па сè до самиот крај. Бидете со Сител.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Циклус на италијански драмски серии на Телма во новата година

Италијанска продукција по празниците следува на Телма. Во прајмтајм, во добро познатиот термин по Топ …

error: Содржината е заштитена!