Почетна / Филм / Филмското лето на Алфа продолжува со стари ЈУ филмови

Филмското лето на Алфа продолжува со стари ЈУ филмови

сабота (3 август), 21.00 часот – “Добри другари”

И во август продолжува филмскиот маратон на стари ЈУ филмови – секој ден на Алфа. Од понеделник до недела, гледачите ќе следат можеби за прв пат некои од југословенските филмови снимени многу оддамна. Оваа сабота следува ју драмата “Добри другари”.

недела (4 август) , 21.00 часот – “Див ветер”

Воен филм од ’86та за Втората светска војна, која нема да заобиколи едно заборавено српско село и семејство со патријархални норми кое живее таму.

понеделник (5 август), 20.20 часот – “Празник во Сараево”

Драма на Абдула Сидран од ’91ва година која зборува за неколку криминалци кои крадат и мамат во странство, а кога доаѓаат дома за празниците, се однесуваат сосема нормално. Тие имаат семејства во Сараево кои не ни претчувствуваат што се случува со нивните блиски кога одат на “печалба во туѓина”.

понеделник (5 август), 22.00 часот – “Вагон Ли”

Владимир Поповиќ, Божидарка Фрајт и Павле Богатинчевиќ во една интересна драма од 1976та година која зборува за двајца средовечни луѓе кои ќе се заљубат случајно за време на едно патување со воз. Но, откако возот ќе застане и тие ќе се разидат, ќе згасне ли она што се роди во вагоните?

вторник, (6 август), 20.20 часот – “Ја бранев млада Босна”

По емитување на серијата, сега Алфа во програмата ќе го емитува и долгометражниот филм за Гаврило Принцип и неговите другари, млади момци кои сонуваат за слобода, но кои ќе извршат атентат врз пресолонаследникот на Австроунгарската империја, Франц Фердинанд.

Сите ќе бидат осудени на смртна казна и сите ги чека макотрпен судски процес, во кој за пресудата е однапред одлучено.

вторник, (6 август), 22.05 часот – “Ја бранев млада Босна”

По кратките вести, продолжува филмот со вториот дел.

среда (7 август), 20.20 часот – “Две ноќи и еден ден”

Партизанска приказна oд ’63-та за една голема љубов која ќе покаже дека војната нема право да загуши едно толку силно чувство.

среда (7 август), 22.00 часот – “Савамала”

Љубиша Самарџиќ живее во Савамала, озогласеното маало на Белград каде владеат крвави пресметки и штрајкови. Се вљубува и започнува да црта, но криминалот и анархијата во населбата не му дозволуваат да просперира.

четврток (8 август), 20.20 часот – “Прекубројна”

Фимот од 1962 година се здоби со три награди на фестивалот во Пула, а Милена Дравиќ има добиено Златна Арена за нејзината улога во оваа дамнешна приказна. Згоди и незгоди на Микајло кој откако ќе се испроба во работна акција и курс за трактористи, ќе сфати дека љубовта од селото е неговата вистинска.

четврток (8 август), 22.05 часот – “Причината за смртта не се споменува”

Воен филм од 1968. година со Велимир Бата Живојиновиќ во главната улога. Војната носи многу жртви, а народот веќе не може да го разликува доброто од злото. Еден човек ќе се обиде да обезбеди доволно црнина за несреќните фамилии.

петок (9 август), 20.20 часот – “Орлите рано летаат”

Комедија од бивша Југославија и од далечната 1966 година. Сторија за неколку деца, кои бегаат од наставата на професорот Пиперка, и полека започнуваат да се приклучуваат кон партизаните.

петок (9 август), 22.00 часот – “Првиот граѓанин на малото гратче”

Филм на Пуриша Ѓорѓевиќ од 1961. година. Претседателот на општината ќе мора да се откаже од својата љубов, како би им излегол на барањата на неговите жители кои не сакаат да се руши градскиот центар.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Погледнете го документарецот „Медена земја“ во кино салите

Погледнете го најнаградуваниот македонски документарец „Медена земја“ (Honeyland) во 20 часот во кино Милениум. Последната …