Почетна / Филм / Филмски викенд на Телма со аргентински, италијански и ирски продукции

Филмски викенд на Телма со аргентински, италијански и ирски продукции

петок (7 јуни 2020), 22.15 часот – “Arthur” (2011)
Во овој нов поглед на класичната приказна, Расел Бренд одново ја открива улогата на симпатичниот милијардер Артур Бах, неодговорен шармер а кој, за да не западне во неволи, отсекогаш се потпирал на две нешта: неговото неограничено богатство и добрата интуиција на неговата долгогодишна дадилка и најдобра пријателка Хобсон (Хелен Мирен).

Артур има добра душа и сака да се забавува, а и воопшто нема цел во животот, па секој ден го минува во безгрижна потрага по забава.

Но, кога неговиот непредвидлив јавен имиџ е закана за стабилното реноме на семејната фондација „Бах Ворлдвајд“, тој добива ултиматум: ожени се со убавата но тешка за сакање Сузан Џонсон (Џенифер Гарнер), амбициозна директорка, која може да го држи под конец, или збогувај се од наследството од милијарди долари и од единствениот начин на живот што го знаеш.

петок (7 јуни 2020), 22.15 часот – “All the devil’s men” (2018)

Силвија Хоукс, Вилијам Фикнер и Мило Гибсон во португалска возбудлива акција на Телма. ЦИА регрутира „ловец на глави“ за да пронајде агент во бегство во Лондон. Во англиската престолнина дуелот ќе резултира во урбана герилска војна со неговите поранешни соборци.

сабота (8 јуни 2020), 19.15 часот – “Surviving the wild” (2018)


По ненадејната смрт на неговиот дедо Гус, тринаесетгодишниот Шон не ги почитува желбите на родителите. Тој тргнува на големо патување во дивината со своето куче Рајли, за да ја расфрли пепелта на дедо му. Фамилијарна авантура за саботно уживање на Телма.

сабота (8 јуни 2020), 22.15 часот – “The Killing of the sacred deer” (2017)
Ирско-британски филм во режија на Јоргос Лантимос со Никол Кидман, Колин Фарел и Бари Коган во главните улоги.


Приказната го следи семејството доктори Марфи, кое е навидум совршено, но еминентниот хирург има необично пријателство поради кое ќе биде принуден на шокантни жртвувања. Болеста на неговите деца ќе мора да ја оправда со киднапирање, мачење и убиство на непознатиот странец.

недела (9 јуни 2020), 19.15 часот – “Studio illegale” (2013)

Андреа е адвокат со успешна кариера а Емили амбициозна и неверојатно убава адвокатка. Двајцата работат за сопернички тимови. Силните емоции ќе ги разнишаат нивните бизнис светови во италијанската неделна комедија.

недела (9 јуни 2020), 22.15 часот – “Pecados de mi padre” (2009)

Неверојатна приказна за контроверзниот живот на кралот на кокаинот – Пабло Ескобар раскажана од неговиот син и сопругата.

Аргентинско колумбиска продукција која дава документарен пристап кон сето она што значело борба на картели, но и борба за личен успех и жртвување.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вестерн трилерот „Омразената осумка“ на Тарантино саботно на МРТ 1

„Омразената осумка“ е осмиот по ред филм на Тарантино, чие дејствие е сместено десет години …

error: Содржината е заштитена!