Почетна / Серии / Телма продолжува со репризи и тоа во прајмтајм термин

Телма продолжува со репризи и тоа во прајмтајм термин

За прв пат, по долго време, телевизија Телма во тек на телевизиска сезона ќе емитува реприза на веќе емитувана серија и тоа во ударен термин. Од понеделник до петок во 20.30 часот, на местото од “Аларм за Кобра 11” ќе се репризира “Топло ладно”. Неодамна започна и репризирање на комедијата “Episodes”.

Британската семејна комедија “Топло ладно” (Cold Feet) веќе се емитуваше ланската сезона на Телма и тоа во 17.20 часот. Серијата е снимена од 1997 година до 2019 година и ги прати згодите и незгодите на три интересни парови од Манчестер.

Заедно со нив, следуваат и нивните издигнувања, падови во врските, срцепарателни, но и урнебесно смешни ситуации. Главниот лик е Адам кој се вљубува во Рејчел, а покрај нив тука се и Пит, Џени, Дејвид и Карен. Пит и Џени се справуваат со новата улога на родители, a дадилката на синот се испречува во бракот меѓу Дејвид и Карен.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Белгиската верзија на познатата „La casa de papel“ на Сител по полноќ

Од понеделник до петок во 00.30 часот на Сител место “Тhe Librarians” ќе се емитува …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!