Почетна / Забава / Фестивалите Skopje sounds good и Skopje calling сепак ќе се одржат

Фестивалите Skopje sounds good и Skopje calling сепак ќе се одржат

– Нашиот став е дека никогаш не треба да се предадеме и дека ако престане да се свири и пее, престанува и животот.
Поради тоа, заедно со нашите спонзори- стратешки партнери, одлучивме двата фестивала SKOPJE SOUNDS GOOD и SKOPJE CALLING коишто беа откажани поради деновите на жалост и поради катастрофата во Тетово, да се одржат во форма која е единствено возможна во овој момент – соопштија од Авалон продукција.

Па така, SKOPJE SOUNDS GOOD, со скоро непроменет line up ќе се одржи на 29-ти октомври, со настапи на BUČ KESIDI, NIPPLEPEOPLE и FUNK SHUI, а утредента на 30-ти октомври ќе се одржи македонско издание на SKOPJE CALLING исклучиво со домашни диџеи и тоа: GALOSKI, CYRILLIC, CHRIS J и JANA SLAYY. Со вакво одржување на SKOPJE CALLING не само што ќе имаме можност за добра забава, туку и на македонските артисти им се дава шанса да настапуваат под овој сериозен фестивалски бренд.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во четврток (07-ми октомври) во 09 часот наутро, во строго ограничен број по следниве цени:

SKOPJE SOUNDS GOOD- 700 денари
SKOPJE CALLING – 500 денари
Блок влезница (за двата настана)- 900 денари

Skopje Sounds Good и Skopje Calling ќе се одржат согласно актуелните протоколи за одржување на јавни настани.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светскиот мјузикл од Бродвеј „Mamma Mia“ на 18 октомври во Скопје

На 18 октомври 2025 година, арената „Борис Трајковски“ ќе блесне во полн сјај, претворајќи се …

error: Содржината е заштитена!