Откако неколку сајтови за Евровизија објавија дека Македонија трета година по ред нема да учествува на Евровизија, голем број европски обожаватели не го кријат своето разочарување. Не можат да веруваат дека многу помали земји и земји во војна учествуваат на Евровизија, и дека ние веројатно не сакаме да го претставиме нашето културно наследство преку музиката.
Истакнуваат дека македонските песни секогаш внесувале свежина, и дека некои од нив се меѓу послушаните песни. Со задоволство ги споменуваат супербрендот Каролина, поп ѕвездата Елена, дивата Калиопи, одличната Тамара, големиот Тоше, Јана Бурческа, Тијана, а воедно и се потсетуваат на нивните учества.
Објавуваме дел од коментарите на социјалните мрежи:
– Нееее, катастрофа, сакаме повеќе балкански земји бидејќи носат разноликост.
– Ужас, зошто повторно се откажуваат, зо задоволство ги слушам нивните песни.
– И Бугарија не учествува, да не си прават сами Евровизија, навистина чудно.
-Драги соседи, иако имавме политички проблеми, секогаш навивав за Вашите песни, поздрав од Грција.
– Имаат вкупно 6 канали, а немаат пари за Евровизија, СРАМОТА.
– Годинава не учествуваа наводно поради јубилејот, а на нивната програма нема ништо за тој јубилеј, многу чудно?!?
– Дали Македонија станува новата Босна?
– Учествувате на детската, не на главната, навистина нешто не е во ред со Вас.
– Ни недостигате веќе две години, зошто моравте и трета година по ред да не учествувате.
– Малата Црна Гора е пример како треба да се вратите на Евровизија.
– Кажете ја вистинската причина зошто не учествувате, а не дека тоа е во корист на граѓаните, каква корист имаат граѓаните од спортски преноси каде нема македонски учесници.
– Носевте разноликост со вашите песни, навистина не разочаравте.
– Единствено место каде можев да се запознаам со вашите музичари и да ја засакам вашата музика.
Ова се само дел од коментарите. Од ова може да заклучиме дека европските обожаватели навистина не ценат нас и нашата музика, но од засега непознати причини ние трета година паузираме од Евровизија и заедно со Бугарија сме единствените од регионот кои не учествуваат на овој ТВ спектакл.
Инаку фестивалот „Макфест“ заврши овој викенд и финансиски е поддржан од Општина Штип и општествено- одговорни компании во висина од пет милиони денари, а од Министерството за културата и туризам финансиската помош е еден милион денари.
Зошто никој не размислува дека победникот на Макфест може да биде претставник на Евровизија, од овој фестивал секогаш имало големи хитови, плус имаат финансиска помош од многу места што значи дека ќе може да го финансираат и нашето учество на Евровизија. Многу млади, но и познати изведувачи учествуваат на фестивалот, и мислиме дека е добра идеја на победникот да му се предложи да не претставува на Евровизија како што тоа го прави РАИ со Сан Ремо.
Ако победникот одбие шанса добиваат првите 3 пласирани на фестивалот. Еве една идеја за која вреди да се размисли, а не само да се откажеме од учество, тоа е најлесното, треба да сме упорни за да имаме успеси.
Ако остане ситуацијата ваква, нашата земја повторно нема да се учествува на Евровизија. Македонија повторно изолирана од цела Европа.
| ТВ Пакет