Почетна / Телевизија / Виктор и Јана од „Идол“, водители на „24 Ексклузив“

Виктор и Јана од „Идол“, водители на „24 Ексклузив“

 

На телевизијата 24 Вести, стартува новиот лајф стајл магазин „24 Ексклузив“, во продукција на „Троика“, во понеделник во 18:00 часот тимот уредници, продуценти и новинари кој ќе работи на оваа емисија, на јавноста веќе и е добро познат и докажан на полето на создавање брендови од категоријата на лајф стајл магазини. Последниот бренд кој оваа екипа го создаде беше „Екстра Ексклузив“.

 

 

„Ова е докажан тим кој година и половина работеше и создаде бренд во македонскиот етер и за целиот овој период, растевме и се надградувавме за да достигнеме едно ниво. Нашата визија е да се качиме скала погоре и да се доближиме до начинот на кој се создаваат светските лајф – стајл магазини. Имиџот го имаме, а македонскиот медиумски простор кој одговара на брендот што го нудиме е 24 вести. Визуелно моќни, содржински остри и актуелни и со ексклузивности не само од домашната, туку и од светската сцена, ветуваме една поинаква приказна во македонскиот медимски простор“, вели Јана Коцевска од продукција „Троика“, уредник на „24 Ексклузив“.

 

 

Се уште во тајност се држат водителите на ова шоу. Но, од вчера почна да се шпекулира дека на водителската позиција ќе застане популарниот пар Виктор Апостолоски и Јана Бурческа, на јавноста познати од „Македонскиот Идол“.

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …