Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #77 |Alevosía

Предавство, епизода #77 |Alevosía

 

Густавоо се враќа во Гвадалахара и го пречекува тешката вест дека ракот и се повратил на Лусија.

Трини доаѓа кај својата мајка да истражи дали имала нешто во минатото со Алехандро Салвадор.  Доња Инес дрско и приговара на својата ќерка дека не е нејзина работа ии префрла што се гледа со Октавио по сите злодела кои тој ги направи за нивната фамилија. Меѓу другото и забранува да има контакти со било кој од фамилијата.

Густаво бара совет од најдобрите доктори во врска со здравјето на неговата сопруга и сите го советуваат дека Лусија најверојатно ќе мора да ј апрекине бременоста за да започне терапија и зрачење.

За Густаво како светот да се срушил. Доаѓа кај саканата и ја известува за одлуката на докторите. Двајцата силно се прегрнуваат неможејки да ги сопрат солзите.

Диего и покажува на Анхелес фотографија од Октавио и девојкат аму потврдува дека тоа е човекот кој го сретнала во паркот и кој тврдел дека и бил болничар додека била во кома.

Бесен по сознанието, Диего заминува да го бара лажниот болничар.

Беатрис и признава на Сесилија дека и се допаѓа нејзиниот брат Диего.

Диего успева да го лоцира Октавио и почнува да му се заканува да се држи настрана од неговата фамилија, особено од неговата сестра. Октавио кој е физички посилен лесно успева да го собори младиот Диего, но пред да влезе во автомобилот, Диего успева да му ја повлече вратата на Октавио и да му ја притисне раката што ќе го остави Октавио во голема агонија.

Во меѓувреме, Анхелес му ја покажува фотографијата на Густаво и тој и потврдува дека тоа е Октавио. Девојката во паника му признава дека Диего заминал да го бара.

Трини ја заврзува раната на Октавио а тој и се колне дека нема да биде мирен додкеа не направи да страда целата нејзина фамилија.

Анхелес му кажува на Марко дека стравува за Диего и Густаво кој заминале по Октавио. Марко ја теши во прегратка и и признава дека е вљубен в о неа.

Доња Инес плаче неутешно по сознанието дека и се вратил ракот на Лусија.

Октавио кој чувствува силна болка во раката почнува да меша пилули со алкохол.

Лусија го известува својот сопруг дека решила да го роди детето по секоја цена!

 

продолжува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …