Почетна / Филм / „Доверлив“, филм во чешко словачка продукција во сабота на Телма

„Доверлив“, филм во чешко словачка продукција во сабота на Телма

Млад радио аматер e принуден да ја спаси својата девојка од службено вознемирување на тој начин што ќе потпише „договор со ѓаволот“.

Станува агент на тајната полиција кој прислушува луѓе за да добие компромитирачки материјали кои ќе се користат против нив. Но, дознава дека и тој е под надзор.

Неговата потрага го враќа назад во периодот на неговата национална воена служба кога случајно бил сведок на наредба што резултирала со смрт. Неговите некогашни воени претпоставени станале високи офицери на моќниот државен безбедносен корпус и неговото сведочење може да им наштети на нивното чисто досие.

Ќе успее ли агент на тајната полиција да преживее во средина полна со страв, сомнеж и општа недоверба? Како што растат неговите сомнежи, така расте и неговата решителност да се ослободи и да избега од темниот лавиринт.

Дали ќе најде храброст да држи биде чекор пред непријателот, дознаваме во сабота, 15 октомври 2022 год. во 19.15 часот на Телма. Филм снимен од продукции од Чешка, Словачка и Полска.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ексклузивно на МТВ 1 телевизиска премиера на „Кајмак“

Најновиот филм на Милчо Манчевски „Кајмак“ оваа недела ќе се емитува на Првиот канал на …

error: Содржината е заштитена!