Почетна / МК Сцена / Видео | Никола Зацески со кавер на песна од Тоше по повод роденденот

Видео | Никола Зацески со кавер на песна од Тоше по повод роденденот

Никола Зацески, во соработка со Австралиската хуманитарна организација “Play Without Boundaries” и оваа година традиционално, но со специјални протоколи успешно го поставија најновото издание на хуманитарниот концерт “A Child’s Smile – Детска Насмевка” во чест на нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески.

Покрај хуманитарниот концерт, Никола Зацески во чест на 40-от роденден на Тоше, направи и преработка на песната “За овој свет”, во продукција на Николче Мицевски.


Со идеја целиот настан да добие што поголемо значење со огромна чест и задоволство ја снимив преработката на Тошевата “За овој свет” тоа е најмалку што можам за да ја искажам мојата огромна почит за човекот кој несебично покажа како се пее, помага, сака, почитува и најважно како е да се биде човек пред се. Среќен Роденден Ангелу наш, твоите песни и дела никогаш нема да дозволиме да згаснат.

За разлика од изминатите години, оваа година хуманитарниот концерт во чест на Тоше, заедно со мојот тим од “Play Without Boundaries” го остваривме во посебни услови и со посебни протоколи и е достапен за сите фанови “online”. Комплетниот приход од овој проект е наменет за помош на “Детелинка Плус” Сакам лично да се заблагодарам до мојот тим, моите колеги музичари, видео продуценти, спонзори, медиуми и сите други што помогнаа во оваа тешка година да го реализираме овој голем проект кој има преголемо значење за мене.” – вели Никола Зацески.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Година по година“, нова емотивна песна на Лазар и Елена Наумови

„Зошто молчиш ќерко, солзи сокриваш каде пат ќе тргаш, збор не кажуваш…“ …се првите стихови …

error: Содржината е заштитена!