Почетна / Живот / Денови на медиумската писменост 2020 организирани преку интернет

Денови на медиумската писменост 2020 организирани преку интернет

Од 26 октомври до 2 ноември 2020 година, ќе се одржи второто издание на Деновите на медиумската писменост организирани од Мрежата за медиумската писменост. Во текот на ДМП 2020, сите заинтересирани граѓани ќе имаат можност да се вклучат во активностите предвидени со овогодишната програма, кои вклучуваат: работилници, дебати, вебинари и други он-лајн настани фокусирани на различни аспекти од медиумската писменост.

Поради присутната Ковид-19 пандемија, настаните од ДМП 2020 ќе бидат целосно организирани и спроведени на Интернет, следејќи го примерот на Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО (24 до 31 октомври).

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Pet Fest Skopje 2025 – настан за љубителите на домашни миленици

Под мотото „Пријателство без зборови – Човек и миленик“, ПетФест 2025 ќе се одржи во …

error: Содржината е заштитена!