Почетна / Телевизија / Демант од Канал 5: Најостро ги осудуваме лагите кои ги пласира Тотал ТВ

Демант од Канал 5: Најостро ги осудуваме лагите кои ги пласира Тотал ТВ

Како резултат на веќе објавениот текст на нашиот портал во кој ја слушнавте едната страна на приказната, време е и за другата страна на вистината. Македонската реномирана телевизија Канал 5 со демант кон одговорот на Тотал ТВ за исклучувањето на Канал 5 од понудата на овој провајдер.

Во продолжение, Ви го пренесуваме целосно демантот на Канал 5 телевизија, изнесен преку нивниот генерален директор и потсетуваме дека со исклучувањето на телевизијата од понудата на Тотал ТВ, македонските гледачи се лишани од ексклузивното право да ги следат најновите сезони на “Ѕвездите на Гранд” и “Никогаш не е доцна”…,

… навремено да се информираат преку информативните изданија на вестите за сите случувања од земјата и светот и вечерно да уживаат во најновите премиерни продолженија на најомиленото “Забрането јаболко” и семејната сага “За семејството”.

Во продолжение, целосниот демант :

“Почитувани пријатели од ТВ Пакет,

најостро ги осудувам лагите изнесени на вашата интернет страница кои ги пласира правното лице Тотал ТВ Македонија. Имено, Канал 5, во ниту еден момент не го УЦЕНУВАЛА Тотал ТВ, туку напротив, им понудивме продолжување на соработката според истиот КОМЕРЦИЈАЛЕН принцип кој го имаме со нивната еднинствена конкуренција, MTEL (Српски Телеком), кои единствено вршаат реемитување на ТВ канали преку сателит.

Затоа им пративме идентичен договор како оној со MTEL, следствено на Законот за заштита на конкуренција и според нашиот претходен договор им оставивме 7 дена, време кое е разумно за да го потпишат новиот, комерцијален договор со Канал 5 ТВ. Затоа, поради сите овие изречени клевети и сериозни лаги, Канал 5 ТВ ќе поднесе дополнителен соодветен поднесок, како што и претходно поднесовме кривичен поднесок за пиратерија преку една нивна платформа (EON TV) со цел да се заштитат нивните корисници кои очигледно плаќаат и се доведуваат во заблуда, при што ние како Канал 5 ТВ сме барале одредени финансиски средства директно од нив.

За крај, мајката компанија на Тотал ТВ, српската SBB фирма ( United Media ), нема проблем да има комерцијални договори со домицилните српски телевизии, но нивната фирма – ќерка во Македонија, Тотал ТВ Македонија, очигледно има… и тоа е причината за нивните безочни лаги. Немаме намера повеќе да дозволиме пиратеријата да царува на овие простори особено преку одредени кабелски/IPTV/сателитски оператори и веќе се подготвуваат сериозни поднесоци до Јавните обвинителства во Македонија но и во: Англија, Италија, Франција, Америка, Австралија и други земји со цел заштита на измамените корисници но и надомест на енормната штета која ни се прави нам на ТВ компаниите, но и продуцентите на странска ТВ програма.

Со почит, Иван”

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пофалба и за Сител; остана само една телевизија глува на критиките

Експресно брзо и по втората објавена критика за неажурноста на администраторите на веб страната на …

error: Содржината е заштитена!