Почетна / МК Сцена / Видео | Погледнете го новиот музички спот на Пепа Димитрова

Видео | Погледнете го новиот музички спот на Пепа Димитрова

Пепа Димитрова го претстави видео записот за својата најнова песна “Студени очи”.  Комплетен автор на спотот е Александар Пауновски. Фотографијата ја потпишува 2 С Студио.

Снимeн е на повеќе интересни локации низ Македонија, а за истиот е користен и олдтајмер, Бјуик од 1952 година кој е дел од приватната колекција на колекционер од Битола.


Песната “Студени очи”, Пепа Димитрова ја изведе на годинешниот Макфест.  Текстот за неа го напиша Игор Џамбазов, додека музиката и аранжманот се на Слободан Стојанов.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Заиграј со мене“ во ново руво со Виолета Томовска, Дац и Александар

Фолк-иконата Виолета Томовска ја изненади јавноста со нова музичка преработка на нејзината легендарна песна „Заиграј …

error: Содржината е заштитена!