Од овој, предпразнично Божиќен викенд, нови цртани серии во утринскиот блок на телевизија Сител. Секоја сабота и недела во 10.30 часот ќе ја следите италијанската цртана серија “44 мачиња”, наменета за деца од предучилишна возраст. Дечињата ќе се радуваат и ќе играат заедно со мачињата во една гаража, кои освен забава и музика, знаат и да помогнат на пријателчињата од соседството.

Веднаш по мачињата, ќе се емитуваaт “Грижливите мечиња” кои исто така ќе ве дружат до крајот на јуни. Oдберете ја својата омилена боја и уживајте во мечето со вашата боја, сабота и недела наутро на Сител.

По “Мечињата” во утринскиот викенд блок, следуваат нови дружби со најпознатиот мачор Гарфилд.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
