Почетна / Живот / Да читаат децата: Акција на донирање на лектири и книги за деца

Да читаат децата: Акција на донирање на лектири и книги за деца

Под мотото #дачитаатдецата, а во организација на фејсбук групите Размена на книги и книжевни муабети/ Book swap and bookish discussions и Хуманитарна организација “Свети Спас” се организира акција на донирање на книги и лектири за децата од социјално ранливи семејства. Акцијата е отворена од 6 фебруари до 19 фебруари на ниво на цела Македонија.

Сите граѓани кои имате лектири за деца за било која возраст од основните и средните училишта, а и друга детска литература, без разлика дали книгите се нови или стари, може да ги донирате и во нив да уживаат децата. Потребно е книгите да бидат чисти и сочувани.

Затоа што сите деца имаат право на едукација и книга. За подобро утре на нив, и на сите нас како општество!


Сите кои сакаат да земат учество во акцјата, своите донации на книги и лектири можат да ги остават кај :
– црква „Свети Спас” во Драчево, Скопје
– книжарница „Култура”, Плоштад Македонија, Скопје
– бутик „Mила” во ТЦ Бисер (приземје), нас.Аеродром, Скопје
– Kegi Kolev K&K, TЦ City Mall ( 2 кат) нас. Карпош 4, Скопје.
– бутил VIP i VIP KIDS во Бутел 1, Трговскиот центар, Скопје

Сите кои сакаат да земат учество во акцијата а се од другите градови на Македонија, може да пишат на настанот или на организаторот и ќе се договорат взаемно за предавање.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Симбиоза” – изложба на Бојан Ковски во Музејот на Град Скопје

Уметникот Бојан Ковски ќе ja отвори својата најнова изложба “Симбиоза” во Музејот на Град Скопје …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!