Почетна / Забава / Евровизија / Црна Гора најави враќање на големата сцена на Евросонг

Црна Гора најави враќање на големата сцена на Евросонг

Јавниот ТВ сервис на Црна Гора, РТЦГ најави враќање на Евровизија 2025. Во својот план и програма за 2025 РТЦГ најави и организирање на музички фестивал на кој би биле промовирани и нови песни од локални комппозитори и учесници и на кој во зависност од буџетот би се избрал и учесникот за Евровизија 2025.

На неколку пати Црна Гора бираше претставник преку фестивалот Монтевизија, но поголемиот број беа внатрешно избрани претставници од страна на јавниот сервис.
Црна Гора исто како и Македонија втора година по ред не учествува на Евровизија. Иако беше најавено дека Македонија ќе се врати во 2024, тоа сепак не се случи, а и нема никакви најави дали во блиска иднина би се вратила на Евровизија. Во меѓувреме, земјите учеснички веќе ги претставуваат песните за годинешниот избор за Евровизија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дали Baby Lasagna ќе биде хрватскиот претставник на Евровизија?

Откако ХРТ ги објави песните учеснички за фестивалот Дора 2024, од каде се бира хрватскиот …

error: Содржината е заштитена!