Почетна / Вебновела / ВРЕЛА СТРАСТ, #039 | ARDIENTE PASIÓN

ВРЕЛА СТРАСТ, #039 | ARDIENTE PASIÓN


            Скршен од заморот и од сето она што го слушна, Ектор седна да се одмори и да ги почека упатствата на доктор Алварез кој со години ја водеше здравствената состојба на дон Вадо. Нервозно мина со раката во косата размислувајки за сето она што дон Вадо му го даде во текот на животот. Немаше мир а неизвесноста го убиваше. Му олесна кога го здогледа Саломон кога рано наутро дојде во болницата за да се распраша за здравјето на Вадо.

–          Не разбирам, Саломон. Откако дон Вадо ја виде Јулиса, пребледе. Срцето не му издржа.

–          Никогаш претходно ја немаше видено?

–          Никогаш.

–          Навистина чудно, – заклучи Саломон.

–          Дон Вадо не смее да умре. Мора да се извлече. Тој човек ми е како татко, Саломон. Повеќе од човекот кој ме оставил мене и мојата фамилија а се нарекува татко. Се сеќавам дека кога бев мал со часови шетавме низ шумата и зборувавме за иднината. Имаше големи планови за мене. Ми велеше дека морам да бидам јак и да знам да се борам за да постигнам нешто. Ми велеше дека сум талентиран и интелигентен и дека морам тоа да го искористам. На тој човек му должам се што сум. Се што имам. А сега…сега гледам како умира, – Ектор не можеше да ги додржи солзите.

–          Те разбирам, пријателе, смири се, – го тешеше Саломон.

Во тој миг во холот се појави д-р Алварез.

–          Како е, докторе? Како е дон Вадо?

–          Господинот дојде при свест, – извести докторот. – Можете да влезете да го видите. Ве бара.

 

Искрено потресен, со солзи во очите, Ектор влезе во собата на дон Вадо. Седна до креветот и го зеде за рака.

–          Тука сум покрај Вас, дон Вадо. Ќе ви биде подобро. Лекарот рече дека кризата е надмината, – Ектор се тешеше и себе и дон Вадо.

–          Умирам, – прошепоте дон Вадо.

–          Никако…Не зборувајте така. Се ќе биде добро. Не смеете да мислите на смртта. Повикани се најдобрите специјалци во земјата за да ве негуваат.

–          Животот полека ми изминува Ектор, но не се каам за ништо. Сите и онака ја очекуваат мојата смрт. Но, ти…Ти Ектор, како мој налседник ќе мораш да го делиш моето наследство со…

–          Дон Вадо, – го прекина Ектор. – Не мислете сега на тоа. Во овој момент најважно е вашето здравје.

–          Јулиса…Најди ја Јулиса…Сакам да ја видам пред да умрам.

 

Јулиса ја послуша својата мајка и не замина со Ектор во болницата, но сепак сакаше да знае како е дон Вадо. Иако толку многу им имаше наштетено на луѓето кои ги сака, сепак девојката не можеше да го заборави изразот на лицето на дон Вадо кога прв пат ја здогледа и ја нарече по името на нејзината биолошка мајка.  Претчувствуваше дека тој човек има нешто важно да и соопшти. Во тој момент токму за Вадо разговараше со Магдалена и Капричо, кога на вратата од пансионот се појави Ектор Фалкон. Со спуштена глава, скршен од бол и несоница, ја замоли Магдалена да ја пушти Јулиса во посета на дон Вадо.

–          Дон Вадо умира, Јулиса. Те молам, не ме оставај сам во овие моменти. Потребна си ми и мене и него. Ме замоли да те најдам и да те одведам кај него. Сака да те види.

Магдалена сфати дека не може да се противи бидејки и самата Јулиса сакаше да го види Вадо.

 

За половина час, Јулиса се најде пред болничката постела на Вадо. Делуваше толку мирен и спокоен во болничката униформа, легнат на креветот додека живееше на апаратите околу него.

–          Влези, Јулиса, пријди поблиску, – ја храбреше Ектор. – Зборувај му нешто. Сака да те види.

–          Тука сум, дон Вадо. Тоа сум јас Јулиса, – нежно му се обрати. – Ектор рече дека сакате да ме видите.

Откако ја заврте главата кон неа, на лицето на дон Вадо се развлече брала насмевка.

–          Иста си како неа…не сонувам…тоа се нејзините очи, нејзината усна…

–          Не се возбудувајте, дон Вадо. Може да биде опасно, – го предупреди Ектор.

–          Иста си како Росанхелика, – повторуваше Вадо.

–          Не, не требаше да дојдам, – рече Јулиса.

Иако беше слаб, дон Вадо ја задржа Јулиса за рака.

–          Кажи ми која си? Која ти е мајка? Дваесет години те барав и сега кога те најдов, умирам. Ти мора да си ќерка на Росанхелика!

–          Не, не сум, – се бранеше Јулиса.

–          Не го избегнувај моето прашање. Кажи ми чија ќерка си, Јулиса?

Јулиса беше исплашена. Сакаше да побегне, но човекот беше на смртна постела. Мораше да го удостои со одговор.

–          Мојата мајка е Магдалена Ромеро. Тоа веќе го знаете, дон Вадо.

–          Магдалена не е твоја мајка! Ти го знаеш тоа, не ме лажи!

–          Смирете се, дон Вадо, ве молам, не смеете да се возбудувате, – дијалогот го прекина Ектор.

–          Кажи ми ја вистината, – инсистираше Вадо, цврсто држејки ја раката на Јулиса. – Кажи ми а вистината пред да умрам. Знам дека си ќерка на Росанхелика Рентеира, но она што сакам да го знам е…кој е твојот татко?

Јулиса ја повлече својата рака од неговата и одлучно му одговори;

–          Ништо нема да постигнете на сила! Веќе ви кажав која е моја мајка, а татко ми не е меѓу живите.

–          Магдалена е јалова курва, не ме лажи!

–          Некој кој што умира како вас, не му доликува да навредува.

Јулиса вознемирено стана од креветот и погледна кон Ектор.

–          Вратете ме дома, инжињеру.

–          Јулиса…

–          Ве послушав и дојдов да го видам дон Вадо, но нема да дозволам да ја навредува мојата мајка. Жалам, – додаде Јулиса и се упати кон болничката врата.

–          Јулиса, те молам почекај, – Ектор појде по неа.

–          Можеби дон Вадо ви значи многу, инжењеру, но јас не сакам повеќе во живтото да го видам.

–          Јулиса, сослушај ме, те молам! Дон Вадо е под седативи, мораш да го разбереш. Те замолив да дојдеш бидејки овој човек кој умира за мене е најзначајниот човек на светот.

–          Тогаш врати се кај него  и остави ме да си одам!, – одлучна беше Јулиса во намерата да се врати дома.

–          Пред да одиш, те замолувам да ми ја кажеш вистината. Која е Росанхелика? Каква врска има дон Вадо со тебе?

–          Ако ја сакате вистината, прашајте го него. Мојата мајка е Магдалена Ромеро и нема да дозволам тој човек повторно да и наштети! Сега, оставете ме да си одам.

По заминувањето на Јулиса, Ектор се рати во собата на дон Вадо. Во тој момент, дон Вадо имаше доверба само во двајца. Ектор и верната слугинка Мистика. Кога влезе во собата, истоштено седна на столот покрај болничкиот кревет. Дон Вадо кој полека ја губеше битката со животот, погледна во Ектор.

–          Секогаш знаев дека само ти ќе бидеш крај мене кога ќе го напуштам светот, – проговори Вадо со сува уста. – Додека другите ликуваат, само ти си крај мене, мој верен сину. Пред да умрам, сакам да ми ветиш дека ќе ја штитиш Јулиса. Вети ми.

–          Ви ветувам, дон Вадо. Но, кажете ми зошто ви е толку важна таа девојка?

–          Јулиса ќе го дели моето наследство заедно со тебе. Се што имам, рудникот за злато вилата, топилницата, имотот…Се ќе биде поделено на еднакви делови меѓу вас двајцата.

–          Која е Јулиса? Која е Росанхелика?

–          Росанхелика беше ќерка на Мелчор Рентеира, мојата сопруга. Јас почнав да работам во рудникот за злато како рудар кога стигнав во Малиналко. Тогаш рудникот му припаѓаше на Мелчор Рентеира. Така ја запознав Росанхелика. Беше најубавата девојка која некогаш сум ја видел. Не беше тешко да се вљубам во неа. Наскоро се венчавме и роди дете. Син, кој никогаш не го видов. Росанхелика умре на пораѓајот а јас никогаш не дознав за тоа дете…Каде е, со кого?

–          Но, каква врска има Јулиса со ова, дон Вадо?

–          Кога ја видов Јулиса оној ден на забавата, како повторно да ја видов Росанхелика.

 

Додека Јулиса беше во болница, Тристан дојде во пансионот да ја види, но ја затекна само Магдалена. Се изненади кога Магдалена му кажа дека Јулиса не е дома, дека заминала во посета на дон Вадо бидејки тој така барал.

–          Магдалена, ве молам да ми објасните каква врска има тој човек, Вадо Фалкон со Јулиса?

Магдалена значајно го погледна момчето. Го псолужи со мате и седна наспроти него на кујнската маса во пансионот.

–          Пред многу години, ја имав таа несреќа да го запознаам дон Вадо.

–          Но зошто дон Вадо се онесвестил кога ја видел Јулиса?, – Тристан имаше многу неодговорени прашања во својата глава. Прашања на кој се надеваше дека Магдалена ќе му даде прецизен одговор.

–          Бидејки го потсетила на неговата сопруга Росанхелика. Млчор Рентеира имаше две ќерки, Росанхелика и Јулиса, – Магдалена го прелажа младиот маж. – Јулиса и Росанхелика беа скоро идентични. Кога дон Вадо ја видел Јулиса, сигурно го потсетила на Росанхелика.

–          Значи, Јулиса е ваша ќерка со Мелчор Рентеира?, – заклучи Тристан.

–          Јулиса никогаш не дозна кој и е татко бидејки Мелчор не ми дозволи да и ја кажам вистината.

–          Зошто?, – се изненади Тристан.

–          Бидејки беше осуден на долги години затвор и сакаше да се откаже од правото да биде татко на ќерка за која ќе нема ни ден време да и се посвети како таков.

–          Но, Јулиса отсекогаш имала добро и високо мислење за Мелчор…

–          Бидејки го гледаше како бог. Јулиса веруваше дека Мелчр и е роден кум. На смртната постела, Мелчор и ја призна вистината. Дека е негова ќерка.

–          Сега ми е јасно зошто Јулиса сака да влезе во животот на Вадо. Кралот наа златото го сместил Мелчор во затвор. Стариот никогаш не сакаше да зборува за своето минато, но се зборува дека некогаш рудникот за злато бил негов.  Дали е тоа вистина, Магдалена?

–          Пред онаа експлозија за која Мелчор беше обвинет, вилата, топилницата и рудникот му припаѓаа на Мелчор Рентеира. Тристан, сакам да знаеш дека ова што ти го кажав е голема тајна. Моја и на Јулиса. Никој не смее да дознае за ова.

–          Тој бедник мора да плати, – низ заби се ситеше Тристан. – Јулиса мора да добие се што и припаѓа!

–          Мојата ќерка само сака да ја обели дамката фрлена врз Мелчор. Парите, златото и имотот не и се важни.

–          Но, зошто? Јулиса има право да добие се што нејзиниот татко некогаш поседувал.

–          Сега знаеш зошто Јулиса го зазема местото на Мелчор во рудникот по неговата смрт. Сега знаеш зошто сака да влезе во вилата преку Ектор Фалкон. Сега знаеш и немаш право да ја измачуваш повеќе со своите сомнежи, Тристан.

–          Секако, Магдалена. Јулиса има право да се бори за она што е нејзино. Сега морам да ја видам, да зборувам со неа, да и кажам колку многу ја љубам и да знае дека во мене има свој сојузник.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …