Почетна / Вебновела / ВРЕЛА СТРАСТ, #040 | ARDIENTE PASIÓN

ВРЕЛА СТРАСТ, #040 | ARDIENTE PASIÓN

 

                               Магдалена беше задоволна по разговорот со Тристан. Прв пат мораше да го излаже, но знаеше дека Девицата од Кармен по неколку молитви ќе и прости, бидејки само сакаше да ја заштити својата ќерка. Никој, дури ни Тристан не смееше да знае дека Јулиса е ќерка на Росанхелика. Запали свеќа во кандилото и чекаше да се врати Јулиса.

–          Мамо!, – испаничено ја повика нејзината ќерка, уште од вратата фрлајки и се во прегратка. – Вадо знае се! Знае дека сум ќерка на Росанхелика! Вооптшо не се сомнева. Се плашам, мамо. Ајде да одиме далеку одовде, да одиме во Веракруз како што сакаше. Некаде каде што нема да живееме под стравот и сенката на Вадо Фалкон.

–          Ќерко, некогаш сакав да си одиме одовде од истата причина. Да се засолниме од злото на тој човек. Но, овде е нашиот живот,  нашите пријатели, нашите сеќавања.

–          Вадо Фалкон е способен да го уништи нашиот живот, да ги уништи нашите пријатели и сеќавања доколку не го псотигне саканиот ефект.

–          Не ни може ништо, – Магдалена уверено ја храбреше својата ќерка. – Сослушај ме, Јулиса. Знам дека не си научена да лажеш, но само лагата ќе направи Вадо да не остави на мир. Мораш да правиш онака како што јас ќе ти кажам. Вадо нема да умре бидејки тој човек има склопено пакт со ѓаволот. Мораш да бидеш силна. Никој не смее да знае дека си ќерка на Росанхелика.

–          Но, како мамо? Сите велат дека сум идентична како неа.

–          Од сега за јавноста ќе бидеш ќерка на Магдалена Ромеро и Мелчор Рентеира. Ако луѓето знаат дека сте сестри, нема да се сомневаат зошто личиш на Росанхелика.

–          Мајко…Никогаш не сум те прашала, но…Кој е мој татко? Чија ќерка сум јас? Од кого ме родила Росанхелика?

                               Магдалена секогаш се плашеше дека ќе дојде тој мометн. Моментот кога Јулиса ќе праша кој е нејзниот татко. Вистината не требаше да и биде соопштена. Магдалена се плашеше дека ако Јулиса дознае чија ќерка е, срцето ќе и омекне и ќе потрча кон Вадо.

–          Твојот татко се викаше Матијас, – Магдалена кроеше лага за лага. – Мајка ти го имаше сретнато пред Вадо. Матијас беше добар човек, кој отсекогаш потајно ја сакаше Росанхелика. Разочарана од бракот со Вадо, Росанхелика му се предаде на Матијас. Така настана ти.

–          Мојот татко, – со рстреперен глас продолжи Јулиса.- Дали е жив?

–          Матијас почина оној ден во експлозијата на рудникот.

–          О боже, – крикна Јулиса со созли во очите и цвсто ја прегрна Магдалена.

Магдалена не можеше да си прости за сите лаги кои ги создаде со цел да ја заштити саканата Јулиса, но се надеваше дека еден ден се дознае вистината, Јулиса ќе разбере дека таа клопка од лаги за замотала само да ја заштити неа. Јулиса не смееше да знае дека Вадо Фалкон и е татко!

 

 

                               Јулиса од се срце сакаше  да има спокоен живот. По разговорот со Магдалена, пријде до иконата на девицата од Кармен да се помоли за спокот на жените во пансионот. Меѓу молитвата го спомна и името на Тристан.

–          Девице од Кармен, знаеш дека реко барам да направиш чудо за мене, но те молам отвори го срцето на Тристан, направи да ја разбере мојата љубов и жртва. Го љубам како што не можам да љубам ниту еден друг маж, но мора да разбере дека сакам да ја одмаздам смртта на моите блиски, да го обелам образот на луѓето на кои Вадо Фалкон им го загорчил животот.

–          Те разбирам, љубов моја, – се слушна нежниот глас на Тристан зад Јулиса. – Магдалена ме пушти да влезам. Прости ми ако можеш. Никогаш не требаше да те оставам сама. Но сега сум тука љубов моја, и тука ќе бидам секогаш. Ако ми дозволиш, ќе останам вечно крај тебе.  Прости ми, љубена.

–          Тристан, јас…

–          Дозволи ми да заавршам, Јулиса. Знам дека ти нанесов големо зло. Магдалена ми кажа се. Сега сфаќам дека имаш право да бидеш во таа вила и во рудникот исто како и Ектор, исто како и Вадо Фалкон. Сега кога знам што им направил тој бедник на твојата сестра и твојата мајка, сакам да знаеш дека ќе ме имаш крај себе како сојузник за се што ти треба.

–          Ти знаеш?

–          Знам дека си ќерка на Магдалена и Мелчор Рентеира. Знам дека си сестра на Росанхелика.  Заедно можеме се. Можеме да се бориме против плимата и осеката ако сакаме. Јулиса…Немам прстен но, дали сакаш да се омажиш за мене?

Јулиса не можеше да си поверува на своите очи. Пред неа, на колена клечеше Тристан, со сјај во очите. Тука, во кујната пред олтарот со свеќи, човекот кој го љубеше ја просеше за жена.

–          Откако те запознав, чувствувам само оган во срцето, Тристан.

–          Тогаш, не дозволувај повеќе двајцата да страдаме за оваа невозвратена љубов, Јулиса. Потребна ми е твојата љубов за да можам да живеам. Кога љубовта е толку силна и толку вистинска како нашата, нема граници кои би ја попречиле. Само оган кој гори од длабочината на нашите срце. Ако ти треба време, ти го давам сето време на светот.

–          Не ми треба сето време на светот, Тристан. Ми требаш само ти. Да, сакам да бидам твоја сопруга, – низ солзи одговори таа.

Ниту тој не можеше да ги сокрие солзите. Стана на нозе и нежно ги покри нејзините розови суни со своите страсни бакнежи. Додека солзите им се мешаа како благослов а срцата им чукаа во еден ритам.

 

                               За Магдалена, мирниот и спокоен сон на Јулиса беше поважен од силната омраза која ја чувствуваше кон Вадо. Затоа мораше итно да зборува со него. Откако го пушти Тристан во пансионот, им остави место на младите да зборуваат на само повика такси и се упати кон гратската болница на Малиналко каде што беше сместен Вадо. 

                               Пред болничката соба веќе беа Ребека и Дамијана, но Ектор не им дозволуваше да го видат болниот. Знаеше дека нивната посета само може да ја влоши состојбата на дон Вадо. Меѓу другото, и самиот дон Вадо одбиваше да ги види. Беше цврсто уверен дека неговата сестра и внука само сакаат да го видат мртов.

                               Тоа попладне, други маки го измачуваа Вадо. Беше сигурен дека Јулиса е негова ќерка, дека Мелчор го прелажал дека има син за да му се одмазди и никогаш да не ја дознае вистината.

                               Магдалена немаше време за губење, па без одобрување влезе во собата на Вадо. Кога влезе во собата, болниот човек воопшто не и предизвика сожалување.

–          Отсекогаш сакав ваков да те видам, Вадо. Неможен, беспомошен, слаб…

–          Зачувај си ги коментарите за себе и кажи ми ја вистината за Јулиса. Јулиса е ќерка на Росанхелика?

 

                               Таа вечер, откако Јулиса и Тристан се верија, Тристан се врати дома за да ја извести својата мајка за убавата вест.

–          Зошто си толку среќен, сине? Лицето ти сјае.

–          Се смиривме, мамо. Јулиса и јас ќе се венчаме, – и одговори со широка насмевка на лицето.

–          Само преку мене мртва! Дали сум јасна? Само преку мене мртва таа девојка ќе стапне во оваа куќа, – извика Росаура, разочарано. – Можеби успеа да те прелаже тебе и брат ти со тоа невино лице, но не и мене! Никогаш нема да ја прифатам како твоја жена!

–          Тогаш, ако не ја прифаќаш Јулиса, ќе бидам приморен да ја напуштам оваа куќа.

–          Тоа значи дека ја бираш неа пред мене? Пред родената мајка која животот го даде жртвувајки се за тебе? Во ред, нема потреба да си одиш од оваа куќа. Ожени ја и јас ќе си одам од тука!

 

                               Магдалена со оган во зениците гледаше во Вадо, кој пак со нов жар на живот чекаше да му биде потврдено дека Јулиса е негова ќерка.

–          Зошто упорно ја прогонуваш? Сакаш да и го загорчиш животот, како што ми го загорчи мене?

–          Не те примив во мојава соба да зборуваме за тебе. Јулиса не е твоја ќерка! Само ја штитиш бидејки Мелчор го побарал тоа од тебе!

–          Затоа и дојдов, да ти ја кажам вистината. Вистината за потеклото на Јулиса! Таа девојка, Јулиса е моја ќерка, родена од мојата утроба, родена од љубов.

–          Но, ти си јалова, Магдалена!

–          Не е точно. Благодарение на девицата од Кармен и љубовта кон Малчор, во мене се роди живот кој ти ми го одзема. Во Мелчор најдов маж, достоен за љубовта на секоја жена. Тој ја исполни празнината која ти ја остави во мене. Долго ја криевме врската со Мелчор, но кога замина во затвор дознав дека сум бремена од него.

–          Лажеш, проклета! Јулиса е идентична Росанхелика…

–          Затоа што се сестри. Затоа толку личат!

–          Магдалена, зарем мислиш дека сум толку глупав? Зарем мислиш дека можам да поверувам во таква лага?

–          Верувал или не, тоа е вистина. Јулиса е моја ќерка, моа и на Малчор Рентеира, родена од големата љубов меѓу мене и него.

–          Тогаш каде е синот на Росанхелика? Мојот син кој се роди оној ден кога почина таа?

–          Не знам. Мелчор никогаш не сакаше да зборува за синот на Росанхелика. Не сакаше да зборува бидејки страдаше за смртта на својата ќерка. А јас го почитував тоа и никогаш не прашав.

–          Од кога Јулиса ја знае вистината?

–          На својата смртна постела, Мелчор и ја кажа вистината. Од тој миг животот на мојата ќерка се промени.  Сега кога ја знаеш вистината, те молам остави не на мира и заборави на нас. Ние сме две жени кои сакаат споконо да живеат.

–          Магдалена, таа твоја ефтина приказна е смешна. Но кога ќе излезам одовде, ќе проверам се што ми кажа. Ќе ја присила Јулиса на ДНК тест и ќе докажам дека не бладам. Дека е моја ќерка! Моја и на Росанхелика!

–          Ако веруваш во бога, барем во овој миг кога ти се ближи смртта, моли се за прошка, Вадо, – го посоветува Магдалена пред да ја напушти собата.

                               Откако Магдалена замина, Вадо почувствува силна тахикардија. За прв па почна сериозно да се плаши за својот живот. Кога во собата влезе Ектор, линијата на мониторот кој го емитираше срцебиењето, покажа права линија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …