Бугарија победи на изборот за песна на Евровизија со „Bangaranga“. Победата беше изненадување за многумина, со оглед на тоа што Бугарија не беше меѓу фаворитите пред шоуто.

Бугарската изведувачка, Дара беше прогласена за победник и според жирито и според телевоутинг гласовите, а неколку часа пред почетокот на финалето, Дара и сценскиот тим од Бангаранга ја добија наградата Марсел Безансон во категоријата за најдобра уметничка изведба, која ја одредуваат коментаторите на земјите учеснички.

Наградите, именувани по креаторот на натпреварот, Марсел Безансон, се доделуваат секоја година во три категории – медиумска награда, уметничка награда и награда за композиција.

Инаку победата на Бугарија се случува по неколкугодишно отсуство од шоуто. Последен пат, Бугарите учествуваа во 2022 година кога земјата одлучи да паузира од шоуто, се до годинава. Ова е прва победа за Бугарија во 70 годишното постоење на овој престижен музичко сценски евровизиски натпревар.

Македонија немаше свој преставник трета година по ред.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
