Почетна / Забава / Евровизија / Бугарија со песната “Tears getting sober” на Евровизија 2020

Бугарија со песната “Tears getting sober” на Евровизија 2020

Бугарија ќе се натпреварува на 65.тото издрание на “Изборот На Песна За Евровизија” 2020 во Ротердам со песната “Tears Getting Sober”, изведена од Викторија.
Веднаш по премиерата која што се одржа оваа сабота, песната се издигна како инстантен хит помеѓу евровизиските фанови и обложувалниците.

Едвај чекам да ја изведам мојата песна на големата Евровизиска сцена на 14ти Мај. Песната е од големо значење за мене бидејќи преку неа ја пренесувам пораката за надминување на своите стравови и болка. Мислам дека психолошките проблеми помеѓу младата популација се сеуште табу тема која што заслужува да биде признаена и јас се надевам дека со мојата песна ќе ги инспирирам да говорат отворено, но и дека ќе им влеам надеж за подобро утре.” вели Викторија.

Со својот препознатлив вокал и стил Викторија е една од најнадежните нови имиња на музичката сцена во Бугарија. Нејзиниот албум првенец се очекува да биде издаден наесен годинава. Викторија е исто така голем љубител на животни и има 4 кучиња, 2 зајаци и папагал. Во 2020 Викторија ќе биде официјален европски амбасадор на Earth Hour кој што ќе се одржи на 28ми Март.

“Tears Getting Sober” е достапна на сите музички платформи, како: Apple Music, Spotify и Deezer. Бугарија ќе се натпреварува во втората полуфинална вечер на овогодинешниот Избор на Песна за Евровизија на 14ти Мај, чиј што пренос ќе може да го следите на МРТВ 1. Македонскиот претставник, Васил Гарванлиев ќе настапи во првата полуфинална вечер која што ќе се одржи на 12ти Мај во Ротердам.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каролина и Елена : Ти си нашиот победник, Тамара, те сакаме!

Не стивнуваат реакциите на македонската политичка и естрадна сцена по вчерашниот маестрален настап на Тамара …

error: Содржината е заштитена!