Почетна / Сапуници / Бидете гости на големата свадба на крајот од „Нашата Дениз“

Бидете гости на големата свадба на крајот од „Нашата Дениз“

Вечерва, 29 декември, веднаш по завршување на уште една авантура од потрагата по среќа на Кумсал и Бату, на Сител следува последната епизода од “Нашата Дениз”.

Омилена телевизиска програма за минатава година, согласни се гледачите кои пратат ваков формат на содржини. “Нашата Дениз” со топлата приказна, добрата драма и блискиот хумор успеа да го најде патот до срцата на гледачите. И денес… моментот за топол завршеток на драмата за Дениз и Мират. Крај каков што очекувате, свадба за која сонуваме.

Дали без негативката Хулија, ќе има мир за нашите ликови? Освен за Дениз и Мират, следува ли убав крај и за Фиѓен и Озгур, Еџе и Јусуф? Или нешто сосема неочекувано ќе ја поколеба кревката душа на ликовите?

Во 21.45 часот, веднаш по “Среќа”, гледајте ја последната епизода од “Нашата Дениз”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовели | Термини на емитување и броеви на епизоди

Термини на емитување и броеви на епизоди за до недела 13 октомври   1) ФАМИЛИЈАТА …