Почетна / Серии / Пожарникари во акција на Fox Life во спин оф на „Grey’s anatomy“

Пожарникари во акција на Fox Life во спин оф на „Grey’s anatomy“

Од авторот на “Grey’s anatomy” и “How to get away with a murder”, доаѓа нова серија од продукцијата на ABC. Од понеделник до петок во 20 часот на Фокс Лајф ќе се емитува акционата драма за пожарникарите од “Станица 19”, започнувајќи од 9 јуни.

Сите пожарникари во Сиетл се обучени за итно давање на медицинска помош, а екипата на Станицата со број 19 се издвојува како најдобра во тоа.

За овие луѓе, не постои одреден период за одмор или пауза, затоа што неизвесноста ги диктира условите. Токму поради тоа што се постојано заедно во спас на човечки животи, овие пожарникари се чувствуваат и како една голема фамилија.

Фокс Лајф ќе ве запознае со новите херои Енди, Бен, Џек, Вик, Рајан, Тревис, Дин, Маја и Роберт, но и ќе ви овозможи дружба со добро познатите ликови од “Вовед во анатомија”, кои земаат учество и во оваа нова серија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Белгиската верзија на познатата „La casa de papel“ на Сител по полноќ

Од понеделник до петок во 00.30 часот на Сител место “Тhe Librarians” ќе се емитува …

error: Содржината е заштитена!