Почетна / Сапуници / Бали бег купува нова вила откако во пожар му изгоре куќата

Бали бег купува нова вила откако во пожар му изгоре куќата

Старата куќа на познатиот актер Бурак Озчивит се најде на патот на пожарите во Турција ова лето. Оваа година Турција го помина едно од најлошите лета во својата историја кога станува збор за шумски пожари. Дури и добро познатиот актер, Бурак Озчивит, делумно беше жртва на оваа еколошка катастрофа.

По завршувањето на ангажманите, Бурак, заедно со неговата сопруга Фахрије Евџен и синчето Каран заминаа на летување во Бодрум. Иако поседуваат куќа на плажа, тие одлучија летото да го поминат во планините кај приморското село Гамушлик.

За жал, оваа област беше една од многуте погодени од овогодинешните пожари и Бурак и неговото семејство мораа да сведочат како пожарот полека се приближува до нивниот летен дом. По ова, тие беа принудени да ја напуштат вилата.

Иако на почетокот пожарот беше ставен под контрола, по неколку дена силен ветар тој повторно се разгоре и стаса до куќата на Бурак и Фахрије.
„За жал, пожарот ја зафати и нашата куќа.“, објави Бурак на социјалните медиуми, известувајќи ги обожавателите дека тој и неговото семејство се на безбедно.

По конечното стивнување на пожарот, штетата бргу била санирана. Но, сепак, Бурак и Фахрије заедно ја донеле одлуката да ја продадат вилата и да купат нова. Цената на старата вила не и е позната на јавноста, но според некои медиуми, новата вила ги чинела околу 1,5 милиони евра (15 милиони турски лири).

Очигледно се се заврши добро за познатата двојка, иако тие признаа дека го откажуваат летувањето поради сите несреќи.

На нашата публика Бурак и добро познат по улогите на Бали Беј во “Величествениот” и Кемал во “Карасевда”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, …

error: Содржината е заштитена!