Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #47 |Alevosía

Предавство, епизода #47 |Alevosía

 

За време на појадокот, Андрес ја известува Лусија дека Анхелес го поканила да живее со неа. Лусија која отсекогаш имала добар однос со Андрес, го прашува дали би сакал привремено да живее со неа во вилата, понуда која Андрес задоволно ја прифаќа.

Неколку луѓе од персоналот на клиниката даваат отказ одбивајки да работат со Октавио како претседател.

Лусија го испраќа Густаво на аеродром а тој уште еднаш ја прашува дали сака да дојде со него на погребот. Лусија му вели не, дека тоа е момент кој треба да го помине само со својата фамилија.

                Анхелес смислува совршен план како да му се одмазди на Густаво за се што сторил за неа, за сите одбивања и невозвратени чувства. Но девојката не сака да ги извалка своите раце. Го посетува Раул, својот колега од факултет и од него бара да ја запали винаријата на Габино и Мирјам, тетинот и тетката на Густаво.

Раул одбива да учествува во ваквата идеја, но Анхелес му се заканува дека ако не ја изврши нејзината наредба, ќе го објави на интернет видеото кое го  има, каде што Раул има секс со друг маж.

 Лусија и признава на Чоле дека одбила да оди со Густаво на погребот на неговата мајка бидејки се плаши од погледите на фамилијата кога ќе го видат саканиот внук со постара жена крај себе. Чоле ја убедува дека е преубава жена и покрај годините, но Лусија повторно не се чувствува убаво во сопствената кожа.

Следното утро, Андрес се наоѓа со својот издавач и го известува дека работи на нов роман кој ќе биде автобиографија на неговиот брак близнак Игнасио Соријано.

Моника го известува Диего дека се сомнева дека нејзиниот татко се гледа со помлада жена, поради порменетата рутина во неговиот живот.

Андрес започнува со собирање информации за престојниот роман и ја прашува Трини дали знае нешто за вонрачната ќерка која ја имал Игнасио.

Густаво се враќа во Гвадалахара со своите тетин и тетка, Габино и Мирјам и со својот татко Рубен. Ја кани Лусија на вечера за да го запознае татко му.

Диего и Сесилија се среќни во друштвото на својот чичко и се радуваат ѓто тој ќе живее со нив, пред се бидејки е тотално различен од нивниот покоен татко.

За време на вечерата, Рубен, таткото на Густаво и го подарува на Лусија прстенот од неговата покојна сопруга.

продолжува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

error: Содржината е заштитена!