Почетна / Забава / Авалон го носи Стинг во Сараево на 19-ти март 2022 година

Авалон го носи Стинг во Сараево на 19-ти март 2022 година

Со доза на неверојатно задоволство и уште поголема возбуда, Авалон Продукција ви го најавува својот прв календарски проект во 2022 година, кој истовремено можеби е и најбитен за нас во истата. СТИНГ- артист од А листата на светски музички изведувачи, ќе одржи концерт во Сараево во олимписката сала „Зетра”, на 19-ти март (сабота) во 20 часот.

Концертот ќе биде во рамки на неговата „My Songs” турнеја, која беше прекината од познатите причини, а истовремено ќе биде и промоција на неговиот нов албум „The Bridge” кој излегува на 19-ти ноември.

Ова ќе биде прв концерт на Стинг во Сараево во неговата пребогата кариера и после концертот на U2 во Сараево, одржан во 1997-ма на стадионот “Кошево”, е најголем музички настан на сите времиња досега во Босна и Херцеговина!

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од петок, 12-ти ноември во 09 часот наутро преку продажната мрежа на kupikartu.ba и онлајн преку истиот линк.

Авалон Продукција сама го букираше и сама е организатор на овој врвен настан во Сараево.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ристе Ристески беше гостин на концертите на Цетински во Сава Центар

На крајот на ноември, Тони Цетински приреди три последователни концерти во легендарниот Сава Центар во …

error: Содржината е заштитена!