Почетна / Забава / Македонската Телевизија од вечерва ја враќа „Бушава азбука“ на програмата

Македонската Телевизија од вечерва ја враќа „Бушава азбука“ на програмата

Режисерот на култната програма за деца „Бушава азбука“, Слободан Унковски, направи гест кој многу генерации го поздравија.

Имено, Унковски преку Фејсбук профилот на министерот за здравство, Венко Филипче, извести дека тој заедно со семејството на сценаристот на програмата, Горан Стефановски, одлучиле да и дадат дозвола на МТВ да ја репризира бесплатно „Бушава азбука“ едукативната серија за деца во 31 епизода.

Ова е одлична можност и помладите да се запознаат со програмата која сите нас не израсна. Патем, се надеваме и дека ќе ги задржи истите дома пред телевизиските екрани со што би се спречило ширење на опасниот Корона вирус. Македонската Телевизија денеска објави сека серијата ќе се емитува секој ден во два термина и тоа 11:25 часот и 18:55 часот.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонска Филхармонија со концерт насловен „Сила“ на 7 март

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската Филхармонија ќе го изведе концертот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!