Почетна / Сапуници / Алфа ќе емитува руска мелодрама, веќе прикажана на Нова

Алфа ќе емитува руска мелодрама, веќе прикажана на Нова

Од 10 февруари во 18.10 часот на телевизија Алфа започнува со емитување руската мелодрама “Семејни тајни”. Серијата веќе е неколкупати емитувана со титл во Македонија, и тоа еднаш во 2017-та година на веќе непостоечката Нова, а во 2018-та беше репризирана на Нова и на Тера и локалните тв станици. Истата беше прикажана со нејзиниот оригинален наслов “Семејни вредности”.

Татјана е талентирана и трудољубива примабалерина на московскиот театар. Ќерка е на позната примабалерина Ана, а има брат Игор и сестра Олга. Секоја недела Ана Павловна го собира своето големо семејство за заеднички ручек. Децата и внуците на масата ги споделуваат своите достигнувања и планови за кариера, едни со други. Игор и Олга избрале за себе посуптилни занимања, но секој е успешен во својот бизнис и е среќен во бракот.

Татјана, пак, од мали нозе сонувала да танцува на сцената на големиот театар и токму таа желба станала реалност за неа. Таа била единствената во семејството што ги следела стапките на нејзината мајка – па така станала балерина. Искрена и наивна, таа не забележува ништо околу неа, освен омилената работа и хоби – балетот.

Љубител е на културно општествени настани, но тој живот на сјај и гламур воопшто не ја промениле, не ја направиле безкруполозна и безчувствителна. Но, светот на уметноста не е исполнет само со подеми, туку и со интриги и падови, лукавство, завист и задкулисни игри.

За завидливото театарско опкружување е тешко да се верува дека сите нејзини брилијантни успеси се резултат на многу големи напори и лични загуби, па злобните јазици започнуваат со сериозни игри против неа. Светот на театарот е суров. Не сите нејзини колеги се љубезни и несебични, некои се подготвени да ги елиминираат конкурентите со какви било средства за да ги постигнат своите цели …

Нејзината најдобра другарка е исто така балерина, но е љубоморна на Татјана и затоа решава да ја тргне од патот. Предизвикува несреќа, во која Татјана ќе ја скрши ногата, и на тој начин таа ќе го завземе нејзиното место на големата балетска сцена. И нејзиниот сакан исто така посакува и прави сѐ да би нејзината кариера заврши трагично. Горката вистина носи тага за нашата балерина. Лоша судбина на лаги и клевети се надвиснува над Ана, а таа истовремено ќе се труди да ја сочува вербата во луѓето, надевајќи се дека постојат такви кои ќе ја поддржат, а нема да ја турнат во бездната на пропаста.

Сè во семејството на Татјана почнува да се распаѓа. За време на прославата на роденденот на Ана Павловна мистериозно исчезнува дијамантскиот ѓердан, а борбата за наследството ќе ги урне сите семејни вредности, кои постоеја дотогаш и ќе ги открие длабокоскриените семејни тајни .

 

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!