Почетна / Забава / Најголемата гудачка женска атракција BOND доаѓа во Скопје

Најголемата гудачка женска атракција BOND доаѓа во Скопје

Најпопуларниот и најпродаван женски гудачки квартет на сите времиња BOND доаѓа за прв пат во Скопје со гала концерт, на 20-ти март во Македонската филхармонија.

Квартетот BOND е супербренд со милионска армија на обожаватели низ целиот свет. Нивното музицирање е извонреден чиин на пркосење со стиловите. Се сметаат за најпродаван гудачки квартет на сите времиња. Црпат инспирација од класичните, латинските, фолк, џез, рок, електро, индиските и стиловите од Средниот Исток.

Од првото деби, квартетот, нарекуван уште и „Spice girls на класичната музика“, има продадено неверојатни 5 милиони албуми низ целиот свет, имаат 56 платински и 15 златни тиражи на своите изданија. Од основањето на квартетот BOND па до денес, имаат огромен број на настапи низ Европа, Америка, Австралија, Централна Америка и Азија и секогаш распродадени концерти.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во петок (07-ми февруари) во 09 часот наутро и истите ќе може да ги набавите исклучиво во Avalon music & ticket store во ГТЦ, продажната мрежа на Авалон низ земјава и онлајн на avalon.mk по следниве цени и категории:
Classic seats – 1990 денари
Ultra VIP seats – 2990 денари

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонска Филхармонија со концерт насловен „Сила“ на 7 март

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската Филхармонија ќе го изведе концертот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!