Почетна / Сапуници / Алфа ја стартуваше најновата хрватска серија „Кумови“

Алфа ја стартуваше најновата хрватска серија „Кумови“

Од понеделник до петок во 21.30 часот на Алфа телевизија се емитува новата хрватска серија “Кумови” која веќе две години со највисока гледаност се прикажува на хрватската телевизија Нова.

Познатите актери од хрватските серии повторно на малите екрани во една нова драмска серија за љубов, пријателство и борба за моќ. Личните интереси и човечките емоции ќе застанат меѓу три семејства. Иако се вели дека кумот е брат што го одбираш самиот, токму кумството ќе биде главната пречка за хармонично живеење.

Доколку сакате нешто поразлично во прајмтајм, тогаш Алфа е вашиот избор. Избор за сите оние кои ги обожуваат хрватските серии емитувани во минатото како Чиста љубов, Другото име на љубовта, Златни двори, Изборот на Лара, Зора Дубровачка и други.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Трите сестри“ заминуваат на летен одмор, но една од нив останува со вас

Вечерва на Сител телевизија ќе биде емитувана последната епизода за оваа сезона на “Трите сестри”. …

error: Содржината е заштитена!