Почетна / Телевизија / Алфа и ОМД ќе отвораат телевизиско студио во Вашингтон

Алфа и ОМД ќе отвораат телевизиско студио во Вашингтон

Алфа телевизија и Обединетата македонска дијаспора потпишаа меморандум за отворање на телевизиско студио во Вашингтон, од каде за македонската публика ќе се произведуваат вести поврзани со сите случувања во САД – известува телевизија Алфа.

Целта на овој договор е, како што изјавија директорот на Алфа ТВ, Јане Бојаџи и претседателот на ОМД, Методија Колоски, постојано, концизно, квалитетно и објективно известување од центарот на светската политика. Според планот, студиото во Вашингтон ќе биде водено од професионалци во САД, а Алфа ТВ ќе обезбеди покривање на емисиите кои ќе одат еднаш неделно, како и помош, односно тренинг за членовите на ОМД кои ќе учествуваат во проектот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МРТ го објави ценовникот за маркетинг услуги за 2026-та година

На својата веб страна, МРТ го објави ценовникот за маркетинг услуги по секунда за оваа …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!