Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Видео | „Детектор“ на Сител – дали младите треба да останат тука?

Видео | „Детектор“ на Сител – дали младите треба да останат тука?

Младите не се иселуваат само поради пари. Дел од причините поради кои младиот човек се решава да ја напушти Македонија лежат и во целиот амбиент во кој што функционира државата.

Советникот на опозицискиот лидер Мицкоски, Стефан Андоновски во Детектор вели дека младите си заминуваат за да си го зачуваат достоинството.

Иван Јованов од Мрежата за спречување на одливот на мозоци вели дека две третини од младите си одат поради финансиски причини, но голем е бројот и на оние кои се фрустрирани од целокупниот амбиент во кој што функционира државата.

Проблемот со иселувањето е комплексен и владата во соработка со младите гради стратегии за намалување на одливот на мозоци, вели советникот за млади и спорт на премиерот Заев, Ѓорѓи Тасев.

Дали да се остане во Македонија или потрагата по подобар живот да се трага во странство?

Многу млади се соочуваат со дилемата дали да останат во Македонија или својата иднина да бараат во странство. Оваа недела #детектор ја раскажува приказната на младите кои потрагата по подобар живот ги одвела зад границите на татковината, но и на оние кои како што самите велат, сакаат да се развиваат во Македонија, а не да развиваат друга држава. #Детектор во стандардниот термин. Недела 16:30 на Сител ТВ

Gepostet von Детектор am Freitag, 22. November 2019

 

Ставовите на граѓаните во врска со причините за иселувањето ги имаме во најновото истражување на јавното мислење кое ќе биде објавено и анализирано во “Детектор”, денеска во 16:30 на Сител Тв.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наместо премиерна серија, Алфа ја репризира „ДНК“ во недела

Минатата недела заврши со емитување босанската крими серија “Котлина” на Алфа телевизија која се емитуваше …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!